Ај да ве прашам нешто, малку е смотана сликава ама неможев да најдам поубава за да ви опишам....вакви панталони Кремасти, машки крој, класични панталони имам во плакар и се мислам дали да ги облечам.....некако дека се премногу светли и делуваат како летни, мислам дека нема да одговараат на периодов (зима). Што ќе кажете вие?
Јас би ги искомбинирала со кафени чизми ( нормално, доколку ги поседуваш ). Па и црни може. Обично и јас кога имам ваков тип на панталони, пошироки, си ги комбинирам со високи чизми дали до колена или малку под колена, сеедно.
Гоу, носи ги со височки штикли или чизмички (вакви панталони така најубаво ми стојат ). Можеш и да ги подвратиш до зглоб, одоздола со дебели црни хулахопки и со црни салонки или чизмички до глужд, па со некоја кошулка, маичка и сако, џемперче... Можеш и каивче да ставиш кај гајките Ова прво ми падна на памет
Феминки,на забава сум.Сакам да носам фустанче памучно на долги ракави окер боја, штиклите ми се кремави.Како накит или нешто друга да ставам, каква боја (планирам холахопките најобични месо боја да ми бидат)
Фала за предлозите за комбинирање, туку всушност прашањето е....колку вакви панталони се за зимска сезона Да не биде смешно, да ги носам....па да ги оставам за на пролет
јас би иста боја на накит како и штикли. штом е на долги ракави, можеш(ама не мораш) да се поштедиш од трошкови за алка, евентуално ако имаш рачен часовник кој би одговарал или едно прстенче.Едно соодветно ланче и супер си Eдит Го гирл, ако е материјалот стварно тенок би почекала до пролет. Опипај уште еднаш
Моделот со тој материјал од сликата ми е за пролет повеќе, ама ваков модел можеш да најдеш и со подебели, зимски материјали па и сега да носиш
Гоу па зависи од материалот.Ако се вака светли но може да се од дебел материал тогаш нема причина зошто да не ги носеш.Ако пак се потенки тогаш остави ги за на пролет. Ти најдобро може да процениш дали се за зима или не, ние вака само може да претпоставуваме
Сакам да ве прашам имате ли некои идеи за што да облечам за Н.Г искомбинирано со патики. Глупо ми е да носам чизмички, ипак сум спортист у душа.. Anyone?
Со што би можела да искомбинирам овакво исто палто/бунда (како и да е) само моето е црвено. Ми стои дома со години, а гледам модата полека пак се враќа. Доколку имате идеи пишете комбинации, јас стварно незнам како да го искомбинирам дека е црвено.
^Мислам дека најдобро би било да се направи црвено-црна комбинација. Искомбинирана со црно фустанче, црвени чевли и црвен кармин. Убаво би стоело и црвен каиш на фустанчето Спојлер
Девојки имам портокалов саат еднаш го имам ставено само(на бела маичка) саатчето е убаво кај стрелките има плеј бој со цирконциња е сега на какви бои би одговарало да го носам (од драга особа ми е така ми стое во фиока) некој предлози или сепак нека ми ја красе фиоката
По мене animal print, каков и да е, тигрест, змиски, не е битно, најубаво стои со кожа. Зборувам за хеланки. Некако заедно ми се многу див состав.
Црвената боја сега оди најмногу со црно-бела комбинација. Доколку имаш фустанче такво тогаш супер ќе ти стои ова палтенце. Или пак само црно нека е. Уште да имаш и црвени штикли ТОП! @K-a-t-e-n-c-e Тигресто мене најмногу ми се допаѓа со кремава боја, црна и црвена. Бирај комбинации во зависност од тоа што имаш (сукњи, туники, маички....). Но сепак јас тигресто комбинирам со кремава
Па можеш со бело, црно, кремаво, кафеаво,но мислам дека бојата не би требало да те ограничува. Веднаш да го извадиш од фиоката и да си го носиш почесто, сам по себе саатот ќе се одвојува и ќе биде впечатлив детал во твоите комбинации.
Девојки капава ја земав од брат ми , му помина меракот и сакам да ја носам ама што знам . Затоа ми треба мислење(дали да ја носам) и некои интересни комбинации да ми предложите