Ај пак помош Имам една плетена туника, најобичен модел со долги ракави, крем боја има на ракавите шари во разни бои меѓу кои и зелена ... е сега сакам да ја носам со овие хеланки, дека боите им се исти... ама нз што на нозе, каква јакна накит
од бои со крем, темкно кафеаво (онаа темна чоколадна боја)... на нозе... кафени чизми... накит не ти треба премногу...
Ако ти се свиѓа носи ја, што се мислиш Сега и во мода се капиве. Јас не би ја носела зашто ќе изгледам смешно, ама на друг многу ми се свиѓа како изгледа. Според мене можеш да ја комбинираш со се. И најбитно со капава увцата нема студ да ти видат Еве разгледај некои слики, може ќе добиеш некоја идеја Спојлер
Фустанот ми е мн слично на ова само со скроз долги ракави , чевлите се скоро исти .. каков накит би ставиле на комбинацијава
Hell0.kitty На кремаста комбинација мене ми оди златен накит, нежно розов, кафен И други бои одговараат, ама овие јас би ги одбрала
ЗЛАТЕН најубаво ќе стои Со ниедна друга боја неможам да го замислам,а да ми се допаѓа.Златен накит дефинитивно.И евентуално бисери.
Јас би го направила повпечатлив изгледот со ексцентрична боја на накит-како на пример црвена, испробај нешо поинакво затоа што фустанчето е преубаво и остава простор за смели и весели комбинации, отколку монтона кремаво-црна комбинација неможам да најдам слика пошо незнам некоја таква интересна страничка за црпење идеи па некој ако би можел да ми помогне околу тоа би му била благодарна
Можеш со бакарен накит (обетки и алки), или ако си похрабра јас би ти препорачала со темно црвен/бордо накит И фустанчето и штиклите се сон Ај ако не те мрзи лп
Тиркизна туника со што да ја искомбинирам ? Многу специфична боја е, само еднаш досега ја имам носено.
Можеш да ја искомбинираш со нешто кафеаво со кафеави чизмички или некои акцесоари.... Мене не ми оди, зависи...Стави слики ќе ти кажам...
Ангел92 мене сиво кафени комбинации многу ми се допаѓаат , уште да вметнеш некоја трета боја супер ќе биде . Можеш некоја нежно розева да вметнеш , кремаста , маслинеста ..
Со кафено дефинитивно. Најубаво одговара со кафено. Можеш да ставиш наќит кафен, ташна кафена, каиш кафен или било што.
Дечки мајка ми пред некој ден ми купи еден часовник нежно зелен. Ајде дајте ми идеи со кои бои освен со зелена можам да го искомбинирам?
Епа.. дефинитивно со есенските бои.. жолтеникава, беж, цива, црна... неубаво би стоело со црвена мислам.. Според спектарот на бои дефинитивно со жолтата може да се поднесат, со виолетовата исто.