Со пастелни бои. Жолта, светло розова... Баш ке си ја осветлиш зимава. Можеш на пример некоја блузичка во пастелна боја ете жолта со темно виолетово џемперче, часовникот, фармерчиња и некои патичиња или кондрурки кои одговараат.
Направив една комбинација, е сега незнам дали ке ми одговараат чевлите и чантата. Ако имате некој идеа за друга боја , со која комбинацијата би изгледала поубаво, слободно кажете. ЗНам, сликата не е добра,ама незнаев како поинаку да ја зачувам, па се снајдов некако Значи, бела кошула, сино сако и гри фармерки. Имам вакво слично ланче, како на првата слика во спојлерот, само е дупло поголемо, и материјалот е како на втората слика ...
Pufi-cufi, јас ти препорачувам да носиш еднобојна ташна. Чевли со анимал принт најмногу ми одговараат со еднобојна ташна и тоа во боја како некоја од боите што се содржани во принтот на чевлите или пак во боја што е усогласена со некое парче од облеката. Мислам дека најмногу би одговарала сива или црна, а доколку имаш сина ташна, во боја како сакото, пробај и така како ќе изгледа.
Штом изгледаат широчки погоре тогаш со фармерки мислам дека најдобро ќе биде ставени внатре, исто така панталони. Сега не знам дали со сукња би изгледало добро... али ко за замена можеш со хеланки и туника, но во секој случај јас би одбрала тесни панталони.
Па таа чанта што ја имам постирано е црна , а тоа на неа се патенти, имам и сива и ја имам оваа нa сино http://www.aldoshoes.com/us/handbags/cl ... 0-sirin/48 ама не ми одговара со чевлите , различен принт..ај ќе видам
Можеш слободно да експериментираш со кафеавата боја, без оглед на тоа што има златна трака - сепак тоа е само мал детал на сукњата. Пробај со некоја маичка во темно-зелена или портокалова боја - тие се многу актуелни оваа сезона. Но сепак тие бои малку ќе те затворат, ако сакаш да го осветлиш аутфитот, пробај со маичка или кошула во бела или месо боја
Пуфи Цуфи браво за изборот на ланчето . Многу ми се допаѓа сако и такво ланче, сум гледала по блогови и многу убаво изгледа. За ташната, вистина е дека малку буни ама ако бираш меѓу тие две јас би првата. GreenEyedBabe не знам каква шубара имаш ама јас почнав да носам. Дали е ладно, да доволно ладно е
Девојки, на тигреста туника дали би ставиле ланче кафено или ќе биде премногу? Или пак само обетки да ставам?
Девојки со што да искомбинирам обичен црн краток фустан со патент на средината? Сакам да биде нешто по специфично не сакам да бидам обична.
Скоро со се што ќе ти падне на памет Јас би земала чевли во боја со ташна со спротивна боја од нив. Да го размрда студов малку
Доколку имаш чевли во друга боја (не црни) или интересни хулахопки со чизми,доколку чевлите или чизмите ти се црни тогаш носи плик ташна во друга боја,подречлива да разбие монотонија и накит во таква боја.Ако имаш интересно сако со поткренати ракави или кратко кожно јакниче. Краток црн фустан можеш ама баш со се да го комбинираш.
Јас имам исто така црн краток со патент и горе со крагњичка па го носам со високи црни чизми и хулахопки. Ако е едноставен, може да избереш хулахопки со дезен. А во однос на накитот можеш да ставиш која боја сакаш имаш отворен избор (црвен, кремав, бел). Исто и чизмите немора црни ако имаш друга боја.
Можеш со хулахопки или хеланки во некоја убава боја, некое убаво подолго ланче или обетки . Сето тоа со убави чизми и капутче Не мора да бидат хулахопките/хеланките во бела или црна боја. Експериментирај