Ако е потемна тегет боја, да нема многу разлика меѓу неа и црната, можеш и со бело да искомбинираш. А ако е посветла тогаш не би ти препорачала да мешаш многу..
Jaс би го искомбинирала тоа со хулахопки или хеланки со леопардов дезен, би ставила во иста/слична шара како хулахопките/хеланките и наќит или каиш, а може и шешир/баретка како бојата на туниката. Чизми и ташна. Совршена комбинација. Црвена дефенитивно. Да ја разбиеш монотонијата од овие две темни бои.
Тегет и црно е најлоша комбинација... Или едната или другата комбинирај ја.. Додуше ако е тегет накај мастило плава, може да е ок... Јас ако би ја носела комбинацијава веројатно би додала сива... Ама пак да кажам, не знам каква е твојата Тегет
Феминкии сакам и јас да прашам нешто ) За Нова сакам да носам фустанче ус тело ама сакам и да носам чизмички ко што се сега у тренд до глужд со превртена кожа односно соо крзно. ) Знаете за какви зборам претпоставувам Сакам да знам дали би одговарало. зошто мајка ми вика нема да одговара -.- Така се иам замислено и готовоо ) хаха но може да ме премисли вашето мислење, така да чекам одговор )
Ако боите пасуваат да. И јас имам една слична комбинација на фустанче уз тело и кратки чизмички, за мене е супер комбинација
Убаво ти вика мајка ти, не ми се ич за на фустан тие чизми, иако се многу убави. За по ден, на фармерки и слично да, за со фустан уз тело па и за Нова Година не... Само салонки стави, ништо повеќе.
Девојки, какви салонки да ставам на ова фустанче,го купив летото и го носев на сандали иста боја а сега ми треба за свадба да го облечам но неам вакви салонкииии,имам тегетни,сиви,црни(што не ми се свиѓаат) бели...помошшшш
Феминки, ај ве молам за ПОМОШ. Нова година ќе славам во домашна атмосфера со друштво. Ќе бидеме на планинско место. ПРЕДЛОЖЕТЕ МИ ШТО ДА НОСАМ Мислам дека свечен фустан не би ми одговарало за во домашна атмосфера. Што мислите?
Имаш на избор многу убави дебели хулахопки крем боја со кафена туника и кафени чизми - супер! Јас така би комбинирала. Воедно можеш и саатот да си го ставиш, кафеаво со портокалово оди. @ELT-S Штом си во домашна атомсфера можете да си се договорите што ќе облекувате. Свечано јас не би носела, плус на планина плус дома кој ќе те гледа. Ако толку сакаш да се дотераш можеш некој подебел џемпер и фармерки или дебела туника и хеланки за да не ти студи и готова си. Јас кога би одела вака со тренерки би седела.
Здраво, Мала помош околу комбинирањето на портокаловото саатче. Супер е и оригинално , може да се комбинира многу едноставно на пример со црно-бела комбинација(блуза-сукња/панталони, хеланки), или со марама во слична или иста боја, ги има насекаде и со дезени црно-бели во линии а на еднобојна рола, блузичка или сл. Може и со кафена ролка, елече, и хулахопки дезенирани например на Пенти во овие нијанси, портокалова, кафена, крем па дури и маслинасто зелена. За комбинацијата исто може да се вклопат таков тип на дезенирани хулахопки кои ги има со пристојни цени и во Сара продавниците. Ех, се надевам дека малку од малку помогнав со моите сугестии. Голем поздрав
@ELT-S Штом си во домашна атомсфера можете да си се договорите што ќе облекувате. Свечано јас не би носела, плус на планина плус дома кој ќе те гледа. Ако толку сакаш да се дотераш можеш некој подебел џемпер и фармерки или дебела туника и хеланки за да не ти студи и готова си. Јас кога би одела вака со тренерки би седела. [/quote] Фала за предлогот. Така и си мислев, нешто туника, или фармерки/панталони и некоја убава дебела блуза. ФАЛА МНОГУ за предлогот!
фала многу на помошта мислев на вакви хулахопки во боја не дезенирани сивите,тиркизните или лилјаковите што мислите ( за на кафена туника темно кафена) позз
Модни критики (за не толку храбри феминки) Девојки денес си го купив ова фустанче за нова година па би сакала да ми дадете некој совет или идеја со што би го искомбинирала, чевли, каиш, накит, коса итн.
Значи девојки си сошив фустан сличен на овој , само во пределот грбот не е ист .. И да фустанот е во тегет боја еве ваква Ќе ве замолам за помош ...со што би можела да го искомбинирам?! .. со какви хулахопки и какви accessories?! .. Помош ! однапред ви благодарам