Па јас лично би ставила прозирни хулахопки, со нежен дезен. А од накит би ставила само голем прстен и обетки (на црвено-тегет и срвено убава комбинација е). И црвени високи штикли.
Зависи од пригодата, каде ќе го носиш. Јас за матура носев тегет темен фустан, и го комбинирав со златно. Многу елегантна комбинација, и правилно комбинирана може навистина да изгледа убаво. Значи ако ти е за посвечено, крем штикла и златен накит. Од друга страна, малку по лабава и шик комбинација може да добиеш со сребрен накит и штикли во црвена или лила боја. И во двата случаи хулахопките би требало да ти бидат месо боја, ама не оние бисер, што светкаат и личат како гола да ти е ногата. Баш крем, со малку сјај, од подебелките.
Ова се само примери за сребрена боја на фустанче. Според мене не ти треба мешање на многу бои, доволно е комбинација со црно. Изборот е твој. Јас би го комбинирала со палтенце црно или сако, црни обетки, штикла црна. Сепак мислам дека и самата сребрена боја ќе те прави да блескаш па затоа подобро би било да вметнеш само црна боја. Се надевам помогнав
Бидејќи и двете сте со сребрени фустанчиња, ќе ви одговорам наеднаш: Бидејќи е зима, мислам дека не одговара комбинирање на светли бои од глава до пети. Јас би искомбинирала исклучиво со тегет боја. Сум видела многу комбинации и одлично изгледа тегет со сребрено. Само внимавајте на шминката, да не сте цели со сребрена сенка, па да ве помешаат со лампионите. Јас би одбрала тегет шминка, да има контраст со фустанчето. Јас би одбрала 2 комбинации: првата е фармерки со многу ликра, кои се тесни, а удобни со некоја модерна дебела зимска блуза, на нозе со плута високи чизми. Втора варијанта: хеланки со некоја дебела туника и истите чизми. На мене многу дискретна шминка. Се надевам дека ви помогнав.
Чим има и црна,тогаш јас тегет не би ставила.Носи го со црни чевли,јас мислам со проѕирни хулахопки,без дезени,доволно си е фустанчето шаренко.А накит ланче не би носела,мене ми се допаѓа некој голем прстен и мали обетки,вака нешто ,и можеш сребрена или црна плик ташна.
[/quote]Да надополнам само дека фустанчето има златна, сребрена и црна боја, значи не е целосно сребрено [/quote] Па како што ти реков, со црн накит, салонки и палтенце или сако (зависи што имаш). Друга боја никако! За накитот јас не би ти препорачала и тој да блеска, значи нека биде црн. Изборот е твој направи комбинација па кажи ни како ќе одлучиш!
Да надополнам само дека фустанчето има златна, сребрена и црна боја, значи не е целосно сребрено [/quote] Па како што ти реков, со црн накит, салонки и палтенце или сако (зависи што имаш). Друга боја никако! За накитот јас не би ти препорачала и тој да блеска, значи нека биде црн. Изборот е твој направи комбинација па кажи ни како ќе одлучиш! [/quote] Ok. Thanks
Не прашувам конкретно за фустанов туку за бојата, royal blue. Со што хулахопки оди освен со кожа боја?
Ја би со крем или кафеава. Незнам, може и нежно сива ама зависи за кој дел од облеката мислиш, штом велиш дека не се работи за фустанот.
Сефора можеш со црни ама од оние што се прозираат, незнам како да ти објаснам, со тенките црни не со тие подебелите, исто многу убаво би било и со оние со линија од позади.
Одговара со црни од подебелите, да.. се согласувам. Убаво стои. За похрабрите вака нешто.. Јас би го прошетала во ваква боја хулахопки, незнам зашто мерак ми е [/img]
Девојки си купив фустанче шампањ боја со какви салонки да го комбинирам, еве бојата е како на вториот...
Благодарам. Фустанче е, таа боја но не е тој модел. За хулахопки се мислев меѓу бордо и црни дебели и баш ми е мило што не сум единствена што го мисли тоа затоа што сум опседната со дебели хулахопки и мислам дека се стои со нив, па не можам да размислувам како што треба на тој план.