Фустанчево го купив за Нова година но незнам .. со што би одело .. какви штикли .. флизура .. накит .. одозгора нешто .. ве молам за ваше мислење
Мммм фустанчево ти е ми се допаѓа премногу! Избери во комбинација со црно или пак, мене мнооогу убаво ми седи црвената со кремава... ако сакаш некои слики ќе побарам па ќе ставам... значи крем штикли таков накит и плик
значи црно-црвена комбинација без промаш. Црни салонки (висока штикла), црна плик ташна, бисерни хулахопки, кога е поразголен горниот дел косата пуштена или полупуштена...најдобро кадрици.
Koja od vas ke nosi crno fustance... ? i dali mislite deka e preterano samo crno ..da se smeni za ng ?
Па твој си е изборот, ете можеш да вметнеш хулахопки крем боја (значи проѕирни) да не биде скроз цела во црно. Накитот може да смениш боја слободен избор ти е (црн, црвен, сребрен, крем.....) исто и за чизмичките/салонки... црното е секогаш во мода така што не е претерано, само да не биде ептен ко за на погреб еве јас лично ќе одам во комбинација црно-сиво-бело
http://www.facebook.com/photo.php?f....174487152634767.44727.100002204515626&type=3 Со какво фустанче можам да ги искомбинирам црните чизми ?
Прекрасно ти е фустанчето. Јас би го искомбинирала со златно. Како што гледам по мојот град по излозите се е црвено и златно. Можеш златни штикли(ако најдеш), златен наќит и златна ташничка. Друго ништо не ти е потребно.
За нова година си купив црно фустанче со златно нешто како принт му доаѓа тоа златбото како зебрасто ама црно со златно и горе има црн брош со педуви и синџирчиња до другата страна на двете прерамки(дебели се прерамките), неможев да најдам некоја слична слика, и месо боја салонки па каква фризура и накит ми се потребни? За хулохопки се мислев месо боја, да не ми се совпаѓаат со фустанчето.
Ми даде мајка ми денес кошула која братучед ми ја дизајнирал за мене. Е сега работата е што незнам на што би ја носела. Некоја розева боја има. Може некоја нијанса измеѓу розево и малку портокалово. Дизајнот многу ми се допаѓа, само што стварно незнам на што би ја носела. Ако може помош дали да ја носам воопшто или не, и со што да ја комбинирам. Еве ја сликав како изгледа само што со апаратот неможе да се долови конкретната боја. И не е пеглана пошто вчера сум ја добила . Спојлер Еве од напред како изгледа: И еве од назад:
Како што го опиша фустанчево, бајаги детали има по него. Јас не би носела многу накит, може алка само некоја во златна боја. А за фризура, не знам каква коса имаш..можеби да ја собереш некако, м?
Мене многу ми се допаѓа бојата..е сега тие цветните детали не се гледаат баш убаво.. Не носам многу кошули, иако имам еден куп и така ми стојат во шкаф.. Според тоа не сум многу компетентна да давам сугестии , ама ај кога би ја облекла кошулава би ја искомбинирала со фармерки, во нијанса некоја како плавото од цветниот принт. Или можеби со бели панталони.
Со најобични фармерчиња, пикни ја во нив, можеш и некое тегет/сиво џемперче да облечеш одозгора, можеш и сако... Каивче, црно, сиво, тегет. Исто како и која било друга кошула, нека не те бунат цвеќињана.
јас би ти препорачала да го искомбинираш со кафеаво но не она темната оваа што е хит оваа сезона! пр.можеш таков каиш на струк тенок кафеави чизми и некое плетенко дискретно шалче во истата боја.....или пак ако имаш долга коса мозеш од оние лентички што се во иста боја како чизмите каишот и чантата.....тоа би ти било идеална комбинација!
Кошулкава со фармерки. Јас имам еден куп кошулки а вака шаренките ги комбинирам со фармерки. Еднобојна, двобојна (пример бела, кафена, црна со сиво) ја комбинирам и со сукња, но овој вид како твојот само со фармерки и чизми, фармерките внатре. Можеш над кошулата некое џемперче со копчиња да облечеш, каиш ќе си ставиш како чизмите и супер ќе изгледаш. Иако е светла бојата немој да се двоумиш и да не ја носиш зимава