Се согласувам. Накит минимален, ситни обетки и една алка. Обично брошеви јас не носам, ако случајно купам нешто со брош, го ваѓам така што ако мислиш дека е премногу на тебе, вади го. Одлучи како сакаш но накит многу не. Фулахопките нека бидат месо боја (НО!можеш и црни, тенки) ако и салонките ти се такви. Мислам дека убаво ќе изгледаш така.
Многу убава комбинација. Се заљубив. Moжеш да ставиш ланче како суќната(ако имаш) и такви обетки. И ако имаш ташна(плико) во боја како блузичката, супер.
се согласувам со батерфлај ..преубава комбинација ...од каде ја зема сукњата?? а блузата ?? и колку? те молам кажи ..преубави се ваква сукња подолго време барам низ Скопјево ама цените им се огромни
Па средна должина имам, до градите, и јас планирав да ја зберам на едната страна, а за накит се мислев некои обетки и алка. А ташничка каква?
Ако имаш иста боја со салонките, такво, ако не тогаш црно. Пликче за фризура јас мислам малку да ја потфатиш со шноли, дали настрана или позади како ти одговара највеќе.
Палава со оглед на тоа што две ве парчиња се во земјени тонови, јас не би ти препорачала накит во некоја од овие две бои, туку нешто потемно кафено, или класична кафена или онаа медова кафена. На пример тенко каифче на половина, некое дрвено ланче, и такви неколку алки со некоја златна низ нив. Со накит во некоја од овие две бои и штикли како сукњичката би било многу дво-бојно, а вака со кафеното ќе се разбие тоа. И доколку имаш кафен капут, или некое подолго и подебело сако и крем ташна би било совршено. Инаку пофалби за парчињата преубави се .
Парчињата се супер, но треба да се знае како да се искомбинира. Потполно се согласувам со предлогот на најубава - накитот и останат аксесоар да бидат темно кафени. Баш би била убава комбинацијата. Ако мислиш дека со црно ќе биде подобро, мислам дека ќе ја расипеш комбинацијата.
^Eте ти убав предлог. Не ми текна дека може со златно да комбинираш. А башка, убави парчиња аксесоари се наоѓаат во златна боја.
Е Старфишке можда и со право, вака во глава кога замислувам со златно би било подобро, башка и дрвениот накит е погруб малце, а нежнички се парчињава. Јас онака според боиве пишав, ама сепак Палава не ме слушај мене, предлогот на Старфиш е боље.
jas bi sakala da ve prasam: imam edna svetlo rozeva sukna pa neznam kako da ja iskombiniram ..ja nemam voopsto oble4eno ..eve ke stavam slika od edna tasna takva boja e ..bidejki sega ne sum doma i ne mozev da ja slikam suknata ..ve molam za mislenje
Ако станува збор за вечерно излегување нуд нијанса на розе супер може да изгледа со бела кошулка, црни салонки, црна ташна и бидејќи е зима црни дезенирани хулахопки со точки и секако црн капут.
Со што би можела да искомбинирам црна, тесна сукња со висок струк? Се мислев дали да купам црна или темно сина, и се одлучив за црната пошто црно скоро со се оди. Ама еве сега немам врска со што би ја носела, се покајав што не ја купив сината. Што да облечам горе? Дајте ми повеќе ваши идеи со што се би можела да ја носам? Ваква е како на сликата, најобична..
Од бела обична маичка, па се до принтана маица. Буквално скоро се одговара со таква сукња. Можеш и некој поширока маичка, па да ја подизвадиш, да виси малку. Би разбрала за сина да прашаш, ама за црна ме чуди, искрено.... Бидејќи е поладно, јас би одела на ваква варијанта, ама погледни си ги и другите па ваљда ќе ти дојде инспирација.
вечер ке излеземе со маж ми во клуб , би сакала да облечам црно здолниште , лилјакови хулахопки , црни чизми , лилјакова светликава блуза на прерамки , но имам едно палто крзнено бело , па дали би одговарало во оваа комбинација или да облечам нешто црно би сакала совет позз