Месо боја хулохопки и црни штикли и црна ташна ако не може и окер салонки ама тешко дека ке најдеш. А и убаво би било со кафеави салонки или чизми и кафеава ташна.
пА КРАЈЗИ ЛЕЈДИ можеш со многу нешта. 1.Можеш со хеланки црни , бели , беж, а ако сакаш да биде по впечатливо можеш со жолти , со црвени хеланки. 2.Можеш со високи чизми. Бојата да е иста како туника или накитот.Можеш и со иста боја како хеланките но ако бојата на чизмите не е иста како хеланките, така комбинацијата ќе биде по интересна,по впечатлива. Ако немаш високи чизми можеш со кратки па, можеби и со патики.НО високи 3.Накитот мислам дека најдобро би било ако е во овие бои :- сина, бела, црна. 4. И за одозгора палтиче или капут -бојата само да се согласува комбинацијата. Да не отскокнува само палтото/капут. Според мене така најдобро би изгледала. Паубаво проведи се.
Ај и јас да прашам , свекрва ми ми купила темно-тиркизно палто ваков модел па со каква друга боја (освен црна) може да се комбинира?
Си купив денеска пелерина, ама без ракави само така. Со што можам да ја носам ова време? Дали иде со капут или кожна јакна?
На пелерина капутче,или пелерина џемперче мислиш? Ако ти е као за јакна,ондак се носи со дебели џемпери или долги ракавици ,над лактови ,ако имаш. Никако со кожна јакна,а уште помалце со капут!
Па не е баш како капутче, потенка е така, и мислам дека ќе ми студи со џемпер само значи не ја платив ич скапо , не е нешто посебно но убава е многу бојата и моделчето и баш сакам сега овој период да ја носам ама изгледа ладно ќе ми е
Девојки ми треба помош пред некој ден го купив фустанчево. Сакам да го носам за Новогодишната вечер Како можам да го комбинирам ?
со црвени салонки или во некоја друга боја ако немаш со црни убаво би изгледало, месо боја хулахопки некои со сјај и обични алки на рацете и обетчиња, ланче не мора освен некои бисерчиња пуштени ако сакаш ама во тој случај не носи друг накит, косичката во лежерна пунџичка или пуштена со локнички. Спојлер од кај ти е фустанот и цена ако може,многу е убав
Можеш да го искомбинираш со повеќе бои. Зависи од тоа што имаш дома. Можеш со црни салонки и црн наќит, но подобро би било во некоја друга боја, ако имаш. Еве и јас мислам дека со црвени салонки ќе изгледа преубаво, а и црвен наќит. Можеш и со сиво, кремасто, тегет. Со црни или кремасти. Други не знам дали ќе одговараат. А палто ако имаш капут, ако не може кожено кратко палто.