Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да искомбинирам...? (помош од Феминки)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од FBI, 27 декември 2010.

  1. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Преубаво е палтото , и ако добро те сфатив за ракавите,тие се модерни сега :) Озбилна или не битно убава ќе бидеш ;) :*
     
  2. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Скај плишано е?? Ако е плишано би ти рекла за преку ден да не го носиш, премногу е впечатливо, али навечер искомбинирано може да биде интересно :) , вака штосно е, али внимавај многу како ќе го искомбинираш бидејќи и самото палтенце е премногу впечатливо :) (Ако го искомбинираш некако за излегување, слика да видиме во модни критики може? :wasntme: )
     
  3. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Марамке , дефинитивно да ги исечеш , со жилет можеше некако да се направат , нели ? Нема зошто да не ги носиш . Или ако не ти се свиѓаат така , или ако ти здосадат можеш да ги направиш кратки панталони за во лето :)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.767
    Не е плишано , таков осатр матријал е како за сако. :)
     
  5. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Најдов една стара блуза низ плакарот кога го средував и незнам дали можам да го носам. Чипка е затоа и прашувам (бидејки сега чипката е на мода) но е во бебешко розева боја. Дали можам да ја носам и со што можам да ја искомбинирам.
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo 0027.jpg
      Photo 0027.jpg
      Големина на фајлот:
      232,9 KB
      Прегледи:
      204
  6. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.617
    Допаѓања:
    2.472
    Lovely без навреда ама мене воопшто не ми се допаѓа блузава ..
     
  7. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Ловли и мене не ми се допаѓа блузата :$
    Некако претерано детска ми е...
    И неможам да ја вклопам во никаква комбинација...
    Ако искомбинираш некако..постирај па да видиме :)
     
  8. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Ловли, има чипка
    (убава)
    и чипка
    (неубава)
    , не значи дека ако е чипкано е и модерно и може да се носи! :!: Искрено и мене оваа блузичка не ми се допаѓа, и мене ми изгледа детска а и нема никаква форма, може и подобро што праша тука на форумов, зашто искрено мислам дека доколку излезеш со блузава негде смешно ќе изгледа :| (Ова е добронамерен совет, немој да се лутиш :) )
     
  9. Leea...22

    Leea...22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    110
    Блузичката е премногу детска,не значи дека ако е чипкана дека треба да се носи....плус и е постар модел,подобро не ја комплетирај со ништо...едноставно заборави ја.....
    не се навредувај со овој пост,туку прими го како добронамерен совет ;)
     
  10. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Благодарам на советите, ке ја вратам од таму каде што ја земав :D Инаку таа одамна се носеше имеше такви раквчиња надолу како сукња од чипка и матријал, ама јас ги пресеков :D
     
  11. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Багуфче што направи со сукњата?
    Постирај ни некое сликиче ;) :lol:
     
  12. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    8.649
    Пол:
    Женски
    Постирав во соодветната тема-модни критики за храбри феминки ;)
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Сакам да прашам со што би можела да ги искомбинирам кратки панталончиња кафеави,( така како сатенски се, ама не светат нешто ептен :^) )[​IMG] моделот нешто сличен на овој, на ногавичките како подвратени се, и уз тело припиени стојат. Па ако има некој предлог добредојден е :)
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Искрено, мене ми е невкусно кратки панталончиња во сред зима, па уште од лесен метеријал.
    Ама ако сакаш да ги носиш, кафеаво одговара со бело. Ако се со висок струк, една бела кошулка ќе ти заврши работи. Или некоја крем нијанса убаво би одговарала.
    Никако не ги комбинирај со црно, заради самата боја, а и материјал. ;)
     
  15. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Женски ми треба помош...
    Имам џемпер како за на хеланки,со ролка ама е боја нешто како праска, па ме интересира со какви бои можам да го искомбинирам,со какви ушници.
    Ви благодарам однапред.Поздрав :)
     
  16. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    еве една сликичка за комбиниранје на бои, тука има таква праска боја мислам :^) ...можеби ќе добиеш инспирација ;)
     

    Прикачени фајлови:

  17. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^ со бела, со црна и мислам дека можеш и со убава кафеава, нормално да ставиш и таква боја хеланчиња или пантолонки, ракавички, чизмички, шалче, јакна (гледај овие да се слагаат со бојата на ушниците, само џемперот да разбива)...
     
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Праска јас би коминирала со кафеаво, и со златен накит. Така како замисла, убаво ми изгледа.
    Немој со црно, ќе ја расипеш убавината на бојата сама по себе.

    Ако е нешто вака бојата (џемперот подолг)
    [​IMG]

    Со вакви чизмички(какви имаш кафеави)
    [​IMG]

    кафеави хеланки и чанта, и златен накит (алки ако имаш, зошто ланче не иде на голема ролка) :)
    А можеш и марама, која ќе се вклопи убаво со овие бои.
     
  19. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски

    И јас мислам со кафеаво, но некако не ми оди кафени чизми и кафени хеланки. Мислам дека би било убаво:
    чизми со праска боја - како џемперчето + кафени хеланки + џемерчето со праска + кафена чанта + кафено палтенце или нешто друго кафено одзгора и може златен накит :)
     
  20. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    ^да ова е баш идеалната комбинација :clap: , ама јас тргнав од тоа дека штом прашува сигурно нема чизмички и други додатоци во таа боја, па затоа попрактично одговорив :D
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.