Облечи некои дезенирани холахопки, чипкани или со некои шари.. линии било какви, црни салонки и впечатлив накит во друга боја, некои големи обетки, или ланче. Косата собери ја во пунџа
Фустанот за нова година ке ми биде нешто сличен модел, од сатен, темно тегет боја со бело, без каиш. Ме интересира дали треба да ставам некое ланче или само обетки
Само обетки. Нема потреба на едно рамо ако е да ставаш и ѓердан/ланче. Можеш ако сакаш да додадеш на обетките и алка или прстен.
Спојлер Црни салонки, упадлив накит и ташна или сако во друга боја (боја што ќе двои... пр. црвена ташна, плаво сако итн ) Некоја слика, за плус инспирација Спојлер
Марчеса мене црн кожен фустан ми е онака ептен рокерски и лично не ми оди со други бои. Јас би се држела до црната при избор на хулахопки, може некое класично џемперче за да не ти биде ладно, некои погломазни чевли и сребрен накит.
Сега кожата е актуелна и јас не би идела на црнило комплетно, напротив би си поиграла со боите. Да одам на рок журка да црно, но вака новогодишно нема потреба од црнило. Пробај дома ако имаш колоритни хулахопки и накит види како стои. Или со проѕирна хулахопка а салонка во некоја боја подреч, сеедно која со црно се стои. Или ако сакаш црно тогаш нека биде фустанот и салонките, не би одела на црни хулахопки, мене Адриана Лима воопшто не ми се допаѓа, но се е ствар на вкус, па затоа ти ќе си одлучиш. И црвен накит е полн погодок исто така. Еве неколку сугестии.
Кога веќе зборувате за мали црни фустанчиња,јас си купив еден црн фустан на едно рамо,а доле се два дела...И на половината ќе носам црвен колан-како лента е. Си купив и црвени обетки,лак и црни салонки. Сакав да прашам дали ќе оди црно со црвено?Се мислев која боја да ја комбинирам со црно...па избрав црвена за да ја освежи комбинацијата Што мислите вие?
Девојкии ве молам за помош. Треба да изберам помеѓу овие два фустана за втора вечер Нова Година и не знам кој. Вие што мислите? Oвој? Или овој? Со овие салонки.
Цаци црно оди со буквално секоја боја, а со црвено е дефинитивно најдобра комбинација. Батерфлај кое и да го одбереш нема да згрешиш. Мене белото ми е поубаво, но некако летно е.
девојки сакам помош од вас т.е ваше мислење... За нова година ке одам во кафана и ке носам тегет хаљинче со патент на средина отворено напред како корсет со мали прекорамки(е уште не ми е готово да го ставам да го видите) на нозе ке носам црни (не се ни чизми ни чевли,такви кратки се полу чизма некој вид) .и црно или тегет плико. Е сега не знам каков накит да ставам ???? дајте некој предлог
Butterfly15-Вториот фустан мислам најубаво ќе ти стои,се сложува со штиклите и ташната.Инаку и првиот не е лош Анелија-Ако фустанот ти е тегет,а штиклите или чизми црни,пликото нека ти е црно за да ти се сложува со обувките а накитот може да е тегет боја,нешто кремасто можеби Може некој убав голем прстен..Незнам каква ќе ти е косата ама мислам може едни слаки мали обетки...Ако не носиш прстен може една алка(црна).Само да не дојде ,,ту мач".