еве го хаљинчето..денеска го земав,а имам уште едно тоа тиркизно, и сега сум во неизвесност кое да го носам
^^ тиркизното според мене третиот од лево кон десно е сличен на мојот фустан кој го замав да речам со мали разлики,па сега мислење со што накит да го искомбинирам,шминка и фризура?црвени штикли немам и ќе го носам на чизмички кратки ?вие што мислите?
Црвен кармин и црн ај лајнер, косата можеш виткана или пеглана( како ти повеќе си се бендисуваш) .... Можеш некои понежни обетчиња, а не мора црвени штикли, мислам дека црни или кафеави чизмички најдобро ќе ти прилегаат.
Можеш црна сенка да ставиш во комбинација со бела и да имаш смоуки ајс. Тоа е класика и мислам дека совршено ќе ти оди со алиштата. Ако ставаш кармин на таква шминка нека биде понежна боја, можеш исто сјај со понежна боја
И јас сум за тиркизното. Црното е стандарт за вакви свечени прилики Биди си уникат. со црни чизмички и црн накит. Шминка: и црвен кармин. Фризура (вака нешто: )
Баш на оваа слика се искомбинирани со каиш и штикли. Некој корсет може нагоре,панталоните и некои салонки или ниски чизми
Jас да прашам би носеле ли пончо врз потенко капутче, мантилче долго или смешно би изгледало??? :geek:
Јас носам, е сега не знам за какви материјали и должини зборуваш. Моето пончо е некаде до половина и како голем шал му доаѓа Палтото со кое го носам ми е малку подолго од тоа.
И моево пончо е до половината и материјалот му е мек, како ќебенце а капутчето е до над колена и не е од оној дебел материјал чоја,туку не знам потенок материјал е. Фала за мислењето Позз
Со хулохопките можеш да искомбинираш црна туника, мало украсно каивче со ланец кои виси,таков накит,чизмички до зглоб црни и ташна.
Овие хулахопки можеш да ги комбинираш со туники или пак сукни, јас мислам со тегет мн убаво ќе стои, и ако имаш шалче бордо боја или капче. Исто така и со темна зелена убаво мислам дека ќе стои. Во секој случај и со црна, но не би ти препорачала, освен ако немаш од погоре споменатите.
Со каква боја облека можам да искомбинирам тиркизен накит?(претежно имам бели,црни,сиви алишта па дали би одело со нив, или пак со некоја друга можеби пожива боја...)???