Кафена во потемни нијанси, темно зелена, тегет, кремава. Ова се боите кои одговараат на ќерамида боја. Може и со бела. Направи од овие бои комбинации, кошула - ќе ја ставиш внатре и каиш, џемперче со копчиња, блузички, палтенце... Еве конкретно ако имаш кафени салонки, панталоните, маичка некоа штосна крем или кафена, над неа џемперче крем или кафено, каиш како салонките и таква боја чанта. Накитот можеш да бираш на крем или ќерамида боја. Ако најдам слики ќе постирам да видиш некои комбинации.
Црна, ама досадно би било. Сребрена, или некоја варијанта на сива. Најубаво би било според мене: со крем, или некоја друга nude нијанса, со златен накит.
Фармерки, карирана кошулка, крзнен елек, џемперче во било која боја. Крем боја шалче. Кафеава јакничка или капутче. Накит во златна или темно златна боја. Можеш со хеланки и со туника. Апсолутно сите бои одговараат со чизмичкиве, преубави се.
Суќната е на баба ми. Којзнае колку е стара, неколку плати има одвоено за да ја купи, на слики што имам видено горе има чипкаста блуза ама не знам таа каде е . Ви се допаѓа ли ? Јас суќни ич не носам, сега да беше подолга па да ја направев како фустанче, со колан горе.Вака не знам со што да ја комбинирам Ideas ?
^ Оваа суќна ја замислувам вака - со обична црна рамбовка(за преку лето) и доле црни штиклички(балетанки), затоа што самата суќна веќе е со карнери/чипка, не треба дополнителни дрангулии.. За вака позимско време наместо рамбовка - тесно црно блузиче... (Може и со бело да се искомбинира)... Незнам каков ти е стилот Ете тоа прво ми дојде на памет
Како фустанче баш би било во Vintage style,што на мене исклучително ми се допаѓа.Би можела со обилна рамбовка и старки
Zdravo devojki! Sakam da prasam dokolku nekoj ima nekoja idea za teget bluza za sveceni prigodi neka ja prikaze preku slika dokolku moze.Sakam da iskombiniram so teget suknja. )))))
Пак јас Во сабота сум на свадба, сега дознавам и ме фатија неподготвена :roll: И не знам што да носам, се мислам дали да го носам фустанчето од Нова Година. Ама некако не ми е свечено, вака изгледа а од позади вака нешто . Значи горниот дел кај вратот е чипкаст, се врзува на половината, долг е до колена и материјалот е таков подебел, како кошула. Од Евроазија е фустанчето, може го имате видено. Со што да го комбинирам, какви хулахопки, штикли ? Е сега свадба е , сигурно сите ќе се во свечени фустани, некако не ми иде јас да одам целата во црнила укопчана од врат до земја со дебел фустан Со што да разбијам монотонија ? Имам и друга варијанта - фустанот од матура еве ваков е не е сатенски, ама таков некој светкав материјал ама мислам дека од матурата наваму имам накачено доста килца и нема добро да ми стои, и нема да се чувствувам убаво Хелп
ако мислиш дека нема да се чувствуваш добро не го ни облекувај зошто во спротивно цела вечер само на тоа ке мислиш.. така знам по мене првото фустанче ми се допага па ако несакас да бидеш цела во црно можес да искомбинирас со убави салонки во друга боја и некоја иста алка и обетки пример сиви одсекогас ми се допагала црно сиво комбинацијата можеш и со црвено мислам дека ке изгледас елегантно и свечено но секако битно е добро да се чувствуваш во тоа што си облечена... убав помин
Ако може слики или линк од некоја страна каде што можам да видам комбинации за со канаѓанки Фала однапред
Nevermore мене повеќе ми се допаѓа вториот фустан, можеш со сребрено ланче и мали обетки, или пак само големи обетки и настрана фатена коса да направиш многу убава комбинација. Со чисто црни штикли.
Мене и двете фустанчиња ми се убави. Второто, од матурата, ми е посвечено. НО, ако мислиш дека нема убаво да се чувствуваш или нема убаво да ти стои, не го облекувај. Ништо не му фали ни на првото. Не мора на секоја свадба во светкави материјали да се оди...
Мене повеќе ми се допаѓа вториот фустан, можеш да го комбинираш со црвени обетки и со црвени салонки, но ако не се чувствуваш убаво искомбинирај ги истите со првиот фустан ќе разбијат монотонија...