Дечки, ако комбинирам вакво џемперче со ваква марама би било ту мач шаренило, или ? И ако веќе ја ставам марамава во комбинација, џемперчето да биде сиво како марамата, или ? Ми требаат интересни идеи.
Мишелке мене не ми идат заедно марамата и џемперчето. Ако имаш ваква марама можеш да ја комбинираш со еднобојно џемперче или блуза. Или таков џемпер со еднобојна марама
^ Нее, премногу е измешано. А таа марама би било најубаво да се искомбинира со еднобојно светло сиво џемперче или со бело
Девојки, која комбинација на бои повеќе ви се допаѓа : 1. Оваа боја со црно 2. Оваа боја со крем, беж, некоја таква нијанса? Сакав да шијам фустанче, но сеуште се мислам со која друга боја да го искомбинирам.
Мислам дека со црно ќе стои поубаво. Повеќе ми се вклопува таа боја со црна отколку со крем или било каква друга.
Со крем дефинитивно. Сум ги комбинирала овие две бои преубаво одат заедно а и несекојдневно е. Речиси сите комбинираат со црно се, веќе досадно е. Јас сум за крем
Mishela според мене не е премногу измешано и можеш да ги носиш заедно нормално ако имаш посмел стил, недржејќи се до некои правила. Џемперчето е на риги, а ригите во денешно време можат да се земат за нешто еднакво на solid color. Така да, во комбинацијава клот-бојата би биле ригите, а шарат во принтот на марамата. Нема причина зошто да не ги носиш, од мене имаш палец нагоре. :up: Bloom, јас најмногу мразам комбинации од црно и друга боја. Ако е ептен "нож до коска" па да искомбинираш со црно. Со оваа боја идат многу бои, но најтренди оваа сезона е со светло кафено. Видов една преубава кобинација на свадба што би ја носела без размислување. Ваква боја фустанче, ама беше свилено. Фустанчето не беше уз тело, туку со висока јака(незнам како да објаснам, но немаше голем отвор кај вратот) па подоле како подвиткано нагоре(како со каиш) и надоле пуштено. Вака изгледаше кај вратот, но беше широчко A вака изгредаше подвитканото Девојката носеше од оние големине ланчиња.. Вакво нешто, само бижутерија, злато боја( илјада пати поубаво од ова, само неможам да најдам соодветна слика ) И леопардски потпетици со висока платформа напред. Изгледаше феноменално. Ако немаш сеуште идеја за фустан, ти препорачуван нешто вакво бидејќи изгледа преубаво.
Mishela ако мислиш дека ке е измешано поради тоа што има анимал принт и риги грешка си марамата ми се свиѓа премногу и би ти рекла слободно да ја искомбинираш денес веќе ништо не е недозволено, порано ни беше незамисливо да споиме црвено со зелено а денес после она колор блокинг се е можно така да од мене имаш зелено светло Спојлер ма да да признаам и мене порано ми беше многу и риги и принт да имам на мене одеднаш ама ми се засвиѓа комбинацијата, јас носам нешо слично на сликава подоле Bloom ке се согласам со Linn1 , мразам коминации со црно бидејќи секоја втора девојка во градов ги носи, а зошто да не двоиш, ма оди на кремаво или со кафено. Кога ја видов бојава ми текна на откаченава комбинација на блогеркава ама тоа би поминало летен период, како и да е сепак е подобро одколку со црно.
Како да искобинирам сиви хеланки ама бојата е како низ сивата да има бели линии. Незнаам сега како да објаснам. А имам црни, сиви и кафеави чизми. Кои чизми и каква блуза??ПОМАГАЈТЕ!
Мене ми треба помош незнам со што да ги носам белите хулахопки што денес си ги купив со дезен се многу се убави ама немам идеја со што да ги искомбинирам, со какви бои?
Со крем,мислам дека е многу подобро Епа можеш да ја носиш и таа блуза со сивите чизми или пак црна блуза со црните чизми...се надевам дека блузата е подолга т.е го покрива задникот,оти мислам дека е невкусно кратка блуза со хеланки. Можеш со црна,црвена боја
Леле, немој со ролка, те молам. Ќе изгледаш како во некој едноделен костум, затворена целата. Корсет или топ без прерамки, може. Претпоставувам дека за излегување се спремаш, така да најдобро би било вака, плус некое интересно ланче стави и супер ќе изгледа.
Ја би ти рекла фармеркиве со бела кошула и сребрен ланец срце, да искомбинираш, со кадрава коса - 5ка