Капутов би одговарал со секакви фармерки, а и со некое мини здолниште. Ако се носи со здолниште би оделе салонки, кратки чизмички , а и високи чизми
Варијанта 1: Црните чизми, хеланките и One-shoulder блуза. Знаеш, од оние што се целите опуштени, лепршави. Ако имаш таква блуза супер, а ако имаш исто таква ама во риги, уште посупер! Потоа би облекла рамбовка под неа, едно бааги долго ланче со приврзок и ready to go. Варијанта 2: Кафените чизми, хеланките и сега една подваријанта е да одиш со лепршава блуза(зелена,сенф-боја,циклама,портокалова(темна) ), а втора подваријанта е да одиш со плетено џемперче од истиве бои. Мислам дека најмногу одговара зелено, но и праска боја. Бело оди со се, но ако имаат чипкан дезен или топчиња,линии јас би ги носела на убава кафена туника(да не е џемпер) туку повеќе да личи на фустанче. Може и со кафено џемперче( нормално да е како туника) и крем високи чорапи(под колена, или над) и некои слатки чизмички. Сега за сега, тоа ми доаѓа на памет, сликни ги, па ќе можеме да ти помогнеме повеќе. Незнам дали уште ќе ти користи мојов одговор, но јас вакви фармерки дефинитивно би комбинирала со некоја широка блуза. На пр, за во лето, напред да има набори и да излегува од фармерките, а за ова време би ја носела со кошула која напред ги има оние кармери кај копчињата(ако ме разбра). Сепак фармерки се, не се нешто премногу тешко за комбинирање. За капутот не коментирам, се носи со се!
Женски ми треба малку помош. Си купив за дипломска сако и сукња до коленици тесна во сива боја и двете, сега се двоумам за бојата на кошулата или блузата (повеќе би сакала кошула). Каква боја најмногу одговара со сивата ?
Со сивата одговараат сите бои. Еве ти неколку слики за инспирација: http://www.polyvore.com/bez_tytułu_454/set?id=42035446 http://www.polyvore.com/88/set?id=42037622 http://www.polyvore.com/chic_drink/set?id=42261583 http://www.polyvore.com/to_be_elegant/set?id=42460958 http://www.polyvore.com/untitled_1053/set?id=42930810
Еве уште неколку: http://www.polyvore.com/city_dreams_pleasures/set?id=42748071 http://www.polyvore.com/sans_titre_1158/set?id=41915249 http://www.polyvore.com/telephone/set?id=42782509 http://www.polyvore.com/january/set?id=42779401
здраво девојки може ли некој да ми помогне како да ја искомбинирам оваа ташна со што ми одговара да ја носам
Можеш со тесни фармерки, темна боја, маичка некоја со слична ваква шарка дали цветови или некоја девојка, или можеш обична еднобојна (бела/крем/црвена), сако црно струкирано и салонки црни! Јас вака ја замислив + накит имаш избор, јас би ставила како црвенава боја на цветовите!
Можеби е глупаво прашањево ама јас да си прашам Дали е добро да носам плишан фустан, навечер за излегување (диско на пр.) ? Ваков е како на сликата ист, црн, должината иста. Само ракавите не се набрани. И со што би го искомбинирале?
Баш плишаното е за во зима. Комбинирај со големи обетки пред се', а за доле салонки црвени би биле најсоодветни, ако немаш може црни, ама тогаш ќе ставиш црвен накит, лак, карминче... со плишано црно мене не ми оди друга боја.
со што би комбинирале бело сако? http://www.fifi.com.au/wp-content/uploa ... jacket.jpg слично на ова.
Што конкретно? Какво е фустанчето? Инаку фустанче на еден ракав со се оди само зависи какво ти е, боја материјал?
Мене ми се свија комбинацијата на Старфиш,јас така го комбинирам И исто можеш: да не бидеш скроз црна, разбиваш со бело сако Mене ми се свија третата. Над некое фустанче, тамн нема да ти биде и ладно за потопло време.
Ова е последното нешто кое го купив ... на попуст беше и си го зедов да се најде за посебни прилики. Ме интересира освен по мое со црвена и црна боја штикла и др пропратна опрема, со која др боја може да се комбинира? А да објаснам сликано е со моб. и бојата не е баш како во природа, е зелена баш зелено тиркизна ... тука тепа на сино некако.
Крем у план се, наредни штиклици ... фала на предлог. Хмм Сноу Квин добар предлог ... може да, кафена онаа потемна чоколадо ...
одговара со црно да, ама јас не ги комбинирала со црвено, сепак тоа е мој избор. Тиркизно најдобро оди со бело и крем.Тоа се најчесни и најпроврени комбинации. Мене искрено личен фаворит ми е комбинација со праска боја, нешто вака: Eптен добро стои, а е некоја боја измеѓу праска, портокалова, интересна боја. http://www.polyvore.com/little_blue_dre ... d=37257173 Еве ти исто комбинации, мене првата ми е најдобра. еве ја и блејк, и таа од десно последната, крем комбинации. и еве ти color-block ако сакаш да експериментираш Одговара и со сребрено ама јас не би кобинирала така, мене не ми се допаѓа ич Или еветунално со темно сина, тегет боја на кондури и палто. http://www.polyvore.com/you_are_amazing/set?id=42418726 Еве ти и со сиво комбинација http://www.polyvore.com/redheads_rule/set?id=39818896 Еве и со дреч розева http://www.polyvore.com/street_style_co ... d=38611439 http://www.polyvore.com/lightly_blue/set?id=37254685 Сега ти бирај, која најмногу ти се свија, имаш голем избор, не само црно Ако е за летно време, јас би комбинирала дефинитвно со крем :up: , прерасно е или со праска-портокалова, ако успееш да најдеш таква