Решив конечно да ја сменам старата ташна си бендисав една од прилика моделот е како на оваа слика третиот ред од десно само обична е сега имаше тегет,бордо.сиво,црно,и мислам кафено што мислите девојки која боја да ја купам се разбира да можам со се да ја носам или сепак црна таа тегет боја што е толку е убава што би ја купила одма но не би одела со се чевлите ми се се на црно и кафено што мислите вие кога би бирале каква боја би одбрале секојдневно да ја носите а и со се
Зависи какви обувки носиш секојдневно. Пр. јас за секој ден носам кафени и бели чизми, па ташните ми се бели и кафени. Ако носиш црни обувки црна купи си. Се зависи од тоа какви обувки и облека носиш секојдневно. Но, да сме начисто, „црна је најболја, црна одговара...“
^^ Ееех, со што не. Јас имам слична и многу често ја комбинирам во кежуал варијанти. Најчесто со некое џемперче, во било која боја, црвена, темно зелена, црна, бела, крем-кафеава. Еве ти идеа. Спојлер Ако сакаш за излегување може со било какви чевли. Може да облечеш еднобојна маичка, со палтенце/сако од горе. Може дури и со маичка со принт да ја искомбинираш, црно-бела итн. Стварно имаш многу опции, ме чуди што прашуваш.
Имам иста само црна. Јас вака си ја комбинирам обично со бела и крем кошула oversize, или пак маичка и кошула одозгора или сако. еве нешто примери
Пошто ми пропадна планот за купување на крем салонки (кои понатаму ќе си стојат во шкаф, значи немам каде да ги носам, преку ден сум исклучиво во ниски чевли) се решив да комбинирам со црно. Вакво е фустанчето (малку над колена)... сакам да комбинирам со црни лакирни салонки, црна плик ташна, црно сако, тенко црно каишче. Е сега се мислам за хулахопките, какви да бидат црни, безбојни, потенки, подебели? Значи вака некако би изгледало (не можев да најдам поприкладна слика)...
Мислам дека можеш и со црни и со кожа боја, гледај да не светкаат, и да бидат потенки. Подебели не знам баш, зошто велиш дека е малку над колена, значи не е кусо. Во тој случај потенки би биле посоодветни. Мое мислење.
Мн. е убава..од каде ја купи..има на црвено??? иначе со некоја њирока блузичка под сукња ставена и некои ланчиња подолги
Ако купуваш салонки јас би ти препорачала да купиш крем, но претпоставувам дека веќе ги имаш црните и сакаш да си ги износиш. Мене некако месо боја хуалхопки уопште не ми се допаѓаат, многу тешко да потрефиш вакви добри хуалхопки кои нема да го имаат оној бисерен сјај, кој уопште не ми се допаѓа. По сигурна варијанта ти се црни хулахопки, доколку одиш на некоја сигурна варијанта. Јас уопште не сум фан на вакви дво бојни комбинации и можеби би пробала со некои тегет хуалхопки неколки нијанси посветли од фустанчето. А потоа и полесно можеш да комбинираш и некој накит во двете нијанси на тегет. Но ова е само експеримент, незнам како би прилегало на тебе. Со црни хулахопки ќе биде многу монотоно, а со месо боја може да утнеш работа. Ако си по експериментирање пробај со тегет, ако сакаш сигурна варијанта тогаш црни.
Најубава ја би и вака комбинирала (мислам на изборот на бои)... (со црвена салонка, не претпочитам сандала со хулахопка) ...ама не сакам да ризикувам (цела вечер да бодам нечии очи), па одам на посигурна варијатна со црно, кога веќе отпадна варијантата со крем.
Секако , тоа е модерно , стави си и некоја марама и висечки обетки ми се допадна твојата комбинација , ќе ја искористам и јас вечерва, по ова студенилово брр
Јас би го искомбинирала ова со некоја поедноставна маичка по прерамки,а можеш и рамбовка само нека биде без натпис,зошто самата сукња е малку необична.За да ефектот биде поголем стави си некои висечки обетки,убава алка и спремна си
Црни хулахопки според мене, најдобро одоговара Само не ја носи сега, на ладново, барем јас никогаш не би ја носела сега, ќе замрзнеш! дека е чипкана веројатно така гледам, не ја носи никако со чипкана маица. Со било која памучна бела, црна, темно кафена, црвена ако ти е по вкус. Нема ништо тешко во комбинацијата освен како ти стои маицата па и суќнава, пд тоа зависи каков модел на баица ќе носиш, и никако чипкано маиче. најдов само една слика што ми фати око барем малку.
Носи ја со бела кошулка.Многу убаво ќе изгледа со крем ланче и менѓуши,бел и/или крем прстен/или златен,и кафени кондури и чанта.Хулахопки можеш месо боја,а за нагоре капутче или јакничка,ама по ниски да се.Уживај,топ ќе бидеш облечена.
Имам една црна блузичка,малку подолга,со тесна чипкана лента на ракавите(по должина).Сакам да ја носам со црни фармерки и црни рамни,до колена чизми,но не знам каков накит да ставам,дали да биде некое синџирче со интересен привезок или бисерчиња или само обетки или пак да не носам накит?Некако бисери...не ми се вклопуваат во комбинацијава. Инаку блузичката е едноставна,само со таа чипка на ракавите.Совет?