Праска боја ми е само џемперчето,а кафени работи имам повеќе.Па ке видам некако ке искомбинирам.Фала ви на сите
Девојќи со што можам да искомбинирам црна сукња со бели точки од тие што се носеа порано ама не е старомодна, интересен е дезенот со чипка долу.
Па можеш да си ја направиш со висок струк и да си носиш со неа црна или бела кошула или обична блуска со чизми или штикли.
Жени, што мислите за ова сукњиче/фустанче, како да го искомбинирам, баш е Страфиш стајл Ептен ми се допаѓа, ама некако не можам да направам идеална комбинација Го отвара спојлерчето?
старфиш крена револуција изгледа инаку и мене бројче не ми ја отвораше сликата, ама јас ја отворив на магичен начин инаку и јас би ја носела како фустанче
Мислам дека нема да одговара со црн каиш туку со некој бел како цветчињата или пак светло кремав, итоа тенок каиш, отприлика оние што се колку еден прст тенки, значи не дебел долу одма над задникот кај бешиката (не знам дали ме разбираш) и горниот дел над каишот да биде малку натресен да не е оптегнат. Вакво фустанче носеше една моја другарка исто со ваков каиш и многу убаво и стоеше.
имам едно фустанче црно бело е ко на коцки ама не правилни не знам како да опишам ме интересира што мислите, како би изгледало со дезенирани хулахопки црни?
Солзушка јас мислам такво фустанче подобро би одговарало со хулахопки без дезен Шарено со шарено не иде.
Јас би го облекла со црни дебели хулахопки, тенко црно каивче (и дебело не би било лошо), црна дебела алка, поголеми црни менѓушки, и некое ланченце со црно приврзоче, или целото црно....
Девојки имам една машка кошула, сакам да ја носам со хеланки или фармерки и со колан на половината. Но, ме мачи тоа што има џеб на левата страна. Дали да ја носам така, да не ја носам или пак да го извадам џебот, ама страв ми е да не ја уништам Ева вака нешто е, само што е кафена.
Нема врска џебот бе Марамке, нека си седи има и женски кошули си џеб (божем ќе знае некој дека ти е машка )... Ако тебе ти се свиѓа да си ја носиш ич да не ти е гајле. Претпоставувам ќе ти биде поширока, така да искобинирај ја со тесни фармерки или сеедно што ќе одбереш и некој добар аксесорис... И мислам подобро би изгледало внатре да ја ставиш (ама ако си имаш замисла како, тоа веќе твое си е ).. Еве ти некои идеи со кошулки може ќе ти се допадне нешто, да украдеш некоја идеја Спојлер
Марама, нема врска џебот. Мада, мислам да не ја комбинираш со каиш на половина....ПОубаво е да ја бутнеш во фармерки и да си го ставиш каишот кај што му е место. Јас му имам на дечко ми украдено една многу убава кошула и си ја носев во фармерки бутната, со каиш и получизми