стави некој впечатлив накит, иако не сум од оние да бидат цели во една боја, баш па црна за млади ( сепак тој е твој избор). мислам дека некое синџирче со интересен преврзок да разбиеш монотонија.
Можеш да ставиш наќит во било каква боја за малку да ја разбиеш монотонијата, бидејќи целата ќе си црна. Можеш да ставиш црвен наќит, убаво ќе стои или било каков.. секако ќе стои убаво.
Црната боја е една од моите омилени,иако и самата понекогаш се критикувам зошто често сум во црно од глава до пети.Сепак,во црно се чувствувам најубаво и затоа... Црвен накит немам,но се надевам наскоро и такво парче ќе си купам бидејќи многу ми се допаѓа накитот во таа боја (па ќе чека ред за некогаш да го носам,исто како и другите што ги имам). Ви благодарам и на двете,со вашата помош сега веќе знам што ќе одберам Јас ретко носам накит,па затоа некогаш и ми е проблем како да си искомбинирам
Стави си синџирче со интересен привезок, немој бисери некако не ми се совпаѓа Каква и да е боја, на црно се одговара...
Вака девојки вчера си купив хеланки цигла боја... Имаат џепчиња однапред ... Повејке личат на панталони , али материјалот им е како хеланка малку подебел... И сеа со шо би можела да искомбинирам, какви бои ? Со кафеав Уг чизми ?? А блуза кафеава или??
Можеш со кафеави чизмички, а од горе некое бело џемперче, ама така долгичко ако сакаш да ти ги носиш баш како хеланки. Ќе си ставиш и некое дрвено, кафеаво ланче и ете ти супер комбинација. Вака нешто:
Според мене или темно сина блуза со кремасти Уг чизми,или кремаста блуза со кремасти Уг чизми ама темно сина јакна да носиш. тоа би изгледало вака :
Вечер за излегување ќе носам little black dress од мајка ми. Многу ме израдува кога го најде. Е сега се мислам за сако или чипкана наметка? Сако имам кремасто и црно, а наметката е тегет.
Девојки за вечерно излегување да облечам бели фармерки со кремасти салонки или обичен џинс? И каква боја на блуза можам да облечам ? И дали да облечам црн капут или бел крзнен капут? Што повеке би одговарало? п.с.- немам кремаста блуза
Па можеш бели да облечеш ама лом ке се направиш на времево затоа посигурно ти е да идеш на џинс.. Блуза можеш тегет, можеш црвена и црвен каиш да ставиш.. бела.. имаш доста бои што ти одговараат Крзнен капут не.! би идела повише на црна јакна
Девојки, како да искомбинирам туника во ројал сина боја, на ракавите по должината има како чипкана лента? Ја носев со црни хеланки, црни чизми до колена и црна алка и мали обетки, ама некако премногу едноставно ми е ...
Ајде помош женски, плс. Имам петролеј боја туника, која ја купив со иста таква боја марама со цветчиња (цветчињата се кремасти, кафеафкаси...). Е сега што да облечам: бели пантолони или светол џинс (и ако имате друг предлог слободно кажете). И кремави или кафеави салонки или црни чизми ?
Кремасти панталони и кремасти салонки Ако немаш кремави панталони облечи бели со кафени салонки и кафена ташна
Само немој бели панталони да облакаш. Многу лошо ми изгледа во зима бела летна панталона со чизми или што и да е. Инаку можеш со крем, кафеаво, црно да искомбинираш. Со златно дефинитивно. Можеш и некој црвен детал да вметнеш. Јас имам петролеј фустанче и кога го носам обавезно црвен кармин ставам. Дамски е.