Девојки што викате за ваква комбинација? Одговараат чизмичките на такво фустанче ? http://www.bianashoes.mk/images/stories ... C08487.JPG http://www.kafepauza.mk/wp-content/uplo ... za.mk_.jpg
Зошто да не.. Фустанчињава се обични, чизмите се убави и едноставн. Доколку фустанчето ти е еднобојно, а и чизмиве исто, би ти предложила убави дезенирани хулахопки да разбијат монотонија.
На свадба сум утре и планирам да носам ваков сличен фустан, на рамењата е набран и не е од ваков тежок натеријал. Сакам да го носам со црни салонки со платформа, но сега се двоумам, дали да облечам проѕирни хулахопки, или некои штосни во боја, да ја разигра малку комбинацијата. Вакви се чевлите, само не се црвени одоздола Некој предлог??
Дали да облечам црно фустанче, соодветна должина, но со цветчиња на него за вечер? Планирам да го искомбинирам со црно сако и црни најобични салонки, ама цветовиве некако ме кочат. Фустанот не е од летен материјал, ама што знам.. Брука ќе пукне, да или не?
http://www.cavenders.com/product.asp?cat=2&dept_id=3020&pf_id=J0843001 премногу е слично на овој модел, деколтето е исто, но во горниот дел кај рамената е затворено, а надоле е сосема тесно. Нема гол грб, затворено е сосема. Не можам да го сликам, затоа најдов приближна слика.. Фустанот НЕ Е од летен материјал!
^ Кога веќе не е од летен материјал, не гледам причина да не го носиш. Таман со саковце... јас сум ЗА. Никако црни хулахопки. Кај фустанот и штиклите се црни, па уште и хулахопките. Подобро месо боја.
Јас само сакам да прашам, дали овие две бои стојат заедно, некој вид на кремаста и зелена, што не е ни многу темна ни многу светла. Планирам да носам, кремаста маица по долги што паѓа на едното рамо, долга е (ја купив од Калиопе, може некој ќе знае за која зборувам), зелена пролетна јакничка што личи на шушкавец а долу се мислам дали да земам светло зелени фармерки или пак едни сомотски со некоја чудна боја, светло кафеава да ја речам, му доаѓа нешто меѓу измеѓу оваа боја и оваа.
Кои салонки повеќе можат да се комбинираат, црните или месо боја? Гледам овие во месо боја се во мода и речиси со се` одговараат, но сепак црното си е универзално. Што мислите вие? Не знам какви да купам. За Циа: Spoiler
Зависи каква боја ти е облеката што почесто ја носиш..јас имам и црни лаковани и кремасти , и двата пара си ги носам, но повеќе црните Патем, гледам сите почнале да носат црни холахопки со кремасти штикли . Мене некако не ми одговара, што мислите вие ?
Девојкиии ... Ај ако може помош ... се ближи мојот 17 роденден а јас не знам сеуште што да носам ... нешто во план ми беше футанче и штикли со многу накит ... ... Ај ако може некој предлог од вас .. Фала однапред