Со теѓат, со кремасто, розево, портокалово... скоро со сите бои можеш да ја комбинираш, барем сега се носат сите бои не треба да се ограничуваш....
Кафеаво оди скоро со се, со црвено и темно црвено мене највеќе ми оди, со мастилна боја, со бело, со крем, со светло сиво, со нуд бои... со зелено оди... значи можеш премногу комбинации да направиш. Ако имаш и кафеави обуски било какви чизмички, патичиња, штикли ... одлично комбинации можеш да направиш. Фармерка, џемперче или маичка,карирани кошулчиња, можеш кафеаво каифче да ставиш, или ташна кафеава како јакничката и спремна си. Можеш и накит или интересни додатоци за во коса да додадеш, цветови или машнички за во коса во кафеава боја.
Со панталони,со фустаче тесно,со фармерки,со сукњичка,горе со блузичка,маичка,рамбовка,кошулка со буквално се може да се комбинира ова,па и поготово што е црно.
Модни правила Девојки мене ми треба помош... Денес си купив вакви патики Е сега сакам комбинации зашто стварно немам појма со која друга боја би можела да ги искомбинирам освен со бело, розово....Кажувајте помагајте...
девојкии ми треба ваша помош ова ланче ми е поклон од баба ми и многу си го сакам...и би сакала да го облечам но не знам со што, а и каква боја...би сакала со некое фустанче но може и други предлози...
Можеш да облечеш црни фармерки/пантолони ама од тие цефки ли како ги викаат или хеланки, некоја розе маичка, нежна боја и ланчето. Или некоја лелеава кошулка бела, зависи што имаш пробај си повеќе комбинации.
Barbie-mwa кафеавите салонки можеш да ги искомбинираш пример со кремови панталони, со црни никако.. бидејки кафеавото и црното во никој случај не одат заедно. Ако сакаш малце по впечатливи комбинации можеш со сино фустанче и кафеав каиш.. или нешто во црно бел тон, ми божело да биде кошула или фустанче.
Здраво на ситее...Вчера пишав во друга тема ама и не добив баш некаква помош...Значи вака Купив патики бели со розова пума сега ми треба помош со кои други бои да комбинирам да не бидам само во бело со розово како баш да сум одредена кон таа боја...
Крем, црно , црвено, бело, онаа ко тиква боја. Може и со сиво. Знаеш дур не пробаш нема да знаеш со која боја стои. Според мене заблуда е дека со црно не стои, баш ми е убава таа комбинација.
убава комбинација...фала ти но би сакала да слушнам уште предлози...и како што напоменав сакам да го носам со фустан па би сакала да ми дадете и таков предлог...
Можеш да комбинираш со обични фармерки, со хеланки, бели пантолони, тренерки, маички во сите бои, дуксерки.. Бидејќи се спортски патики комбинирај со спотски алишта. Се надевам дека ти помогнав
здраво феминки си купив едни сини хеланки и освен со една кариранка шарена долгичка кошула, со друго неможам да ги комбинирам. Некако смешни ми се сите испробани комбинации зошто сум ниска (162 см) и ако ги комбинирам со некои од оние наметките или туниките смешно изгледа зошто ме скусува и ме праи уште пониска. И така сум слабичка (околу 50кгр) па уште пониска да изгледам и да се изгубам меѓу народов ... хелп....комбинации за сини хеланки?
Фалаа Саки Се разбира дека со спортско ке комбинирам мислам премногу би било да стаам накит, пренападна шминка и ред други глупости па да изгледам како селска невеста...
А,нешто вака да пробаш ? Немора кошулката да е внатре ставенa,може и спуштена долу и немора да е жолта боја . Еве неколку идеи: Се надевам дека ти помогнав,експериментирај малку,играј си со боите,па види што ќе испадне.Поздрав