Феминки дајте некои идеи како да ги искомбинирам моите црни над колена чорапи. Имам исти и во розевка-крамаста боја. Многу ги сакам и ќе ги носам пролетва, само ми требаат некои идеи како да ги искомбинирам. Хелп! Спојлер Имајте во предвид дека имам 14 години, таака да без штикли!
еве ме мене пак.. со друго прашање дали би можела да искомбинирам црвени панталони со кремови салонки.. може да поставите и слики со такви комбинации
Ги обожавам чорапиве над колена Можеш и сега да ги носиш додека не е стоплено толку. Јас ги комбинирам со шорцеви и чизми.
Ланчето можеш да го комбинираш на се. Можеш на бела кошулка, маичка без разлика дали со фармерки, панталони или сукња. Прост пример: фармерки, кошула бела ставена внатре и ланчево.
Вака,за недела/две сум на роденден и си купив сукња,арно ама,бојата е специфична и не знам со што да ја комбинирам.. Еве слика од сукњата,вака изгледа некако многу права,ама убаво стои,дури и многу ми ги нагласува колковите и не ми стои баш најубаво од напред гледано,ме прави подебела од што сум .. Прашањето е кои бои одговараат на оваа и хулахопките,црни да бидат или месо боја?
Можеш да ја комбинираш со многу бои - бела, сива, жолта, црвена, розево-праска боја... (колор блокинг) ама остави го тоа мешање на бои за пролет-лето Сега искобинирај ја со бело кошулче (блузиче), црно/сиво сако или џемперче, стави црно каивче да ти ја потенцира половината, сребрен накит и со црниве хулахопки и чевли Тоа ти е предлог од мене
Со бела кошула, ако е на долги ракави може да ги извиткаш ракавите до надлактиците.Штосно би изгледало и со некој интересен накит.Доволно би било обетки и алка или голем прстен. Може и со бела блуза, ако имаш некоја убава за излегување, се разбира не со џив-џив или мики-маус апликации Надолу може со истите хулахопки и штикли. Инаку сукњата ти е преубава Претпоставувам дека планираш овој период да ја носиш, мој предлог е да почекаш да се затопли, уште сме зима а сукњата далеку од зимска ми е.
со бел корсет и сино сако можеш и хулахопки месо боја да,ако немаш сино сако можеш и со таква боја како штиклите или што и да носиш на нозете
Здраво девојки.Есенва добив малку чудни чизмички кои не беа баш за во зима туку за на суво време, таман сега во пролетва.Есента не ги носев бидејќи има еден проблем..незнам како да ги искомбинирам.Поклон ми се од многу драга личност и се баѓи скапички.Оваа слика ја најдов на интернет, инаку се од Fornarina ама никако да најдам подобра слика Дајте идеа како да ги искомбинирам!
Искрено мене не ми се допаѓа бојата,не знам со што би можело да се искомбинира ваква боја.А моделот не е лош,ако можеш некако да ги префарбаш во некоја друга боја.
Со црни хулахопки и чевли ти е најлесно да ја искомбинираш. А горе можеш да облечеш некоја маичка со кратки ракави,зависи каква боја имаш и црно палтенце. Тоа ми текнува во моментов, еве ти сликичка за инпирација Мене ми се штосни чизмичкиве. Носи ги на тесни фармерки, ама не заврзани до горе, туку како спуштени горе. Мислам дека ме разбира. Горе некое крем џемперче. Баш онака кежуал носи си ги