Можи е малце глупо прашањево ама ако Црвени хеланки дали би носеле а на нозе чевли црни. Да не излези како пресечена во долниов дел? М? Или да барам хулахопки
женски,имам светло тексас кратко здолниште и црни чизми до колена ниски, па дали добро би изгледало за нокно излегување? и каква боја на блуза да облечам? да облечам црни хеланки или хулахопки?
Имам еден материјал кој ми се допаѓа, ама немам идеа како да го сошијам.Уствари сакам нешто како сако, ама да не е премногу елегантно за да можам и на работа да го носам.Па сакав малку помош од вас за некаква идеа. Еве го материјалот.
Па еве вчера си купив темно сини, ниски старки, имам онака обични фармерки за доле ама за горе што? знам дека е доста лесно ама па само темно ми доаѓа на памет.. Помош, ако може?
Со ваков материјал незнам како ќе сошиеш сако. Ако мене ме прашуваш јас ова ќе го искористам како чаршаф за Велигден.
Имам ист ама виолетов материјал. Сакав и јас нешто да сошијам ама тетка ми која е шнајдерка ми рече дека од материјалов ништо убаво нема да излезе, плус не се носел ваков материјал над 20 години. Ако ти е толку мерак и јас мислам дека би било само за некое палтенце. Но, ете мене ми пропадна идејата.
Незнаев кај да го сместам прашањево, ама ај веројатно тука е најсоодветно. Знае некој каква боја/материјал на фармерки и панталони да се носат за визуелно да ги издолжат и подебели да ги направат нозете?
Според мене темните фармерки прават да изгледаш послабо, никако немој избелени на средина и зависи од моделот, многу зависи од моделот. Ако си пониска и позаоблена јас би ти препорала straight cut затоа што кај бутовите се потесни но од колено надоле не се тесни туку продолжуваат уз нога но рамно(незнам дали ме разбра, затоа ќе ти ставам слика)
Материјалов го купив пред околу 3 месеци, затоа што видов едно палтенце во Васидора токму од ваков материјал, но беше многу елегантно, па затоа помислив тука совет да побарам.Не е од пред 20 години не знам колку убаво се гледа на сликата, но небитно... Благодарам @marama, ако го сошијам некако ќе ти кажам. А @Ashling, вчера бев до Веро имаш убави чаршавчиња за Велигден, ама ако ти е до толку дојдено ќе ти го дадам материјалов, јас по дома одамна не постилам чаршави.
со туника, со некое рокерско блузиче, со некое елегантно црно маиче и штикли абе со се јас имам такви и ги отепав од носење апсолутно со се исто како фармерки
Си купив нови чевли..баш вакви.Си имам неколку комбинации замислено, и ме интересира како би можела и на друг начин да ги носам.Идеи? Бојата е малку посина од ова..небесна.
Значи си ги купив овие ( незнам како да ги наречам, незнам како се викет ) пред една година, ама со оглед на бојата ( маслинеста ), некако немам многу опции за носење. Некој ваши предлози?