Американ Воман ти одговараат со крем, кафеаво, тегет, цено, црвено, портокалово, бело... Фармерки, карирано кошулче со некоја од боите што ти ги наведов, тенко каифче и ташна во некоја боја како што би ти била кошулата. Можеш и со сукња да ги носиш, многу се убави. Со многу бои одговараат, а и убаво е ако ти отскокнуваат со бојата во целата комбинација, немора само со маслинесто да ги комбинираш.
Феминки ми треба помош за вечер.Значи со овие штикли сакам да искомбинирам нешто но не ми иде. Не сакам да бидам облечена во една боја. Ајде ваше мислење што би било поубаво да се облече на овие штикли
Па зависи што имаш дома од облека. Јас со вакви би направила црно-розева комбинација. На пример, розе кошулка/блузичка со црна сукња/шорцеви
Теа јас би одела со бела кошулка и некои интересни фармерки, било во боја или искинати, само да не се бели. Еве нешто слично како кај девојкава. Мислам дека белото ќе ги наеутрализира кондурите а интересните фармерки нема да ја направат комбинацијата досадна.
Женски денес си купив светло пинк кондурки на полн пера па да ми дадете совет со што да ги искомбинирам.
Ме интересира која од овие комбинации повеќе ви се допаѓа, што би одземале, додале? тука кај ногавицата на девојката (можеби изгледа лошо) што и штрчи овој отворот што е, кај мене е припиено за ногата. Со црно сако, црни салонки "лобутинки" и плик-ташна (средна големина). Или... Истите чевли, сако, ташна.
Не знам за каде ти се, но првата мене ми е многу убава. Би додала некој прстен или неколку алки и тадам спремна си
Иде ли да облечам чипкана сукња нешто вака (само мојата е со два реда карнери и без панделка) со оксфордки Мене ми се допаѓа,ама сепак да прашам за мислење.М?
Иде! Ептен слатко ќе изгледаш, плус ако имаш и чорапки над коленици уште подобро ќе е. Од мене имаш :up:
Двете комбинации се убави, која и да ја одбереш нема да погрешиш. :up: Јас сепак сум за првата поуникатна ми е.