Со фармерки и кошула или блуза во бела боја,мастило сина,лила,резеда,минт. Со фустанчиња цветни или еднобојно(пак мастило,тегет,крем)Со се скоро можеш да ги комбинираш освен нели со црвено,жолто,кафено не ми одговара.
Кошула во линии, фармерки и патики како старки? Да или не? Се двоумам, патики и кошула никогаш не сум облекла...
Тоа завици на која боја се старките... Ама зошто да не, убаво излгеда, јас така се облеков претходната недела и на другарките многу им се допадна Ама сепак кажи каква боја е кошулата и старките
^Сина и бела. И старките и кошулата. Но старките се како со патент закопчување, не класика старки. А и не изгледаат толку спортски..
Ова можеш да го искомбинираш со некое фустанче со сини штикли. Или со некоја сукничка, црна, на сини салонки, со некаква блуза. Или можеш и други бои да вклучиш црвена, бела, сива и така.
Мислам дека подобро ќе биде со балетанки. Можеш да облечеш и црни холохопки, мислам дека поубаво ќе биде. А ако имаш виткава коса, можеш да си ја испеглаш, а ако имаш права можеш да си ја навиткаш, и да ставиш некакво венче, панделка и така, или пак ништо да не ја правиш само да ставиш некој додаток на косата, а велиш имаш истото шеширче како кошулата може и него да го ставиш супер ќе биде.
Најлесно за комбинирање е со црно фустанче и црни штикли. Или на црни панталони со бела маичка. Ако си за појаки бои, оваа боја убаво стои со црвено, циклама и крем.
овие чевли денес си ги купив , ме интересира со какви бои и на што се можам да ги комбинирам?и дали можам да ги носам и преку ден ?
Ај ве молам help само овие балетанки незз како да ги искомбинирам и дали можам да ги носам преку ден. Жал ми е само тие од сите др.ги немам облечено зш незз како да ги искомбинирам
Koлку се убави.. Можеш да ги искомбинираш со кремасто, па и со еден детал црвено нешто, пример ташничка само или црвени обетки или слично. Можеш и со нешто златно, со црно можеш..
Имате идеја со што да ја искомбинирам блузава? Вчера си ја купив од Бебел фешн (поранешна Мана), ама не размислив со што ќе ја носам... Any ideas?
Шаренка е, има многу начини. Можеш наједноставно со фармерчиња, штиклички или старки во црвена боја и некое шеширче што одговара. Можеш да искомбинираш и со некое потемно сако (таа темно сина боја на блузата), потемни фармерки, црвени штиклички (вакви замислувам цело време http://www.aldoshoes.com/static/webUplo ... i_61_6.jpg ) и некоја интересна трака за коса или црвено шеширче и убав часовник кој одговара.
Сребрена балетанка оди на речиси се’. Фармерки, панталони во боја, со сребрена, црвена, розева, лилјакова блуза... А Коритсаки, чевлите се прекрасни. Може со некоја црвена маичка и цевка фармерки. Или пак сукња тексас/црна/црвена (ако си љубител) Се што одговара на црвено, одговара и на нив. Е сега, понекогаш можеби златното ќе те мачи, ама нека остане тоа да руши монотоност.