Извинете вака, пост врз пост...ама... Сакав да прашам со што да искомбинирам кратки панталонки со презрамки, еве како на сликата, само што моите се црни. Некоја идеа?
Гледам дека низ целово фустанче има машнички,па ако си купила ист фустан според мене баш би било симпатично и на балетанките да има некоја машничка.Немора да е некоја огромна. Јас би облека некои вакви
Јас мислам дека можеш со секаква блуза.Со блуза на риги,црвена,розева,сивкаста рамбовка со некои шарки на неа,со некоја кошулка. На нозете некои балетанки или патичиња,но да бидат у склад со тоа што го имаш облечено
Најубаво би било со некоја блузичка со риги пр. бело жолта да разбие монотонија, со балетанчиња и шеширче. Многу слатко! Ќе одговара, но некако не ми е за на свадба. No offence ама баш не ми се допаѓа. Долниот дел ќе пројде но горниот ме потсетува на фустанчињата на оние австриските млекарки или од кај и да беа. Но, ако веќе си купила носи го. Балетанките ќе биде добро на пр. бели и напред со тегет врв (или која и да е бојата на долниот дел на фустанчето).
http://postimage.org/image/5fl191hrp/ Некој идеја со што да ги искомбинирам? Само моите се фармерски, но се многу светли.
Маичка со риги, кафеав каиш и кафеви балетанки А за вечерно излегување, со црн топ и црни сандали на плута
Пак јас . Дома најдов од порано иста ваква тексас кошулка, исто ваква со завратенки ракави.. Е сега, предлози ми требаат со што да ја искомбинирам .
Со црвени панталони,или некоја друга боја на панталони,горе широчка бела блуза,со некоја апликација на нејзе а може да биде и бланко,на лицето едни наочари за сонце,и на нозете балетанки,оксфортки,можеш и црни штикли(ако носиш наочари за сонце со црна рамка)..според мене би било супер
Бела поширока маичка, суќна во било која боја и црни ниски старки Или пак маичка со апликација, црни фармерки и исто некои ниски патичиња, можеш црвени
Текасас кошула е тренд оваа сезона и често ја комбинираат со тексас фармерки но многу е тешко да погодиш нијанси кои одговараат. Најсигурен избор би било доколку ја комбинираш со црни, бели, сиви, крем тесни панталони.
Роденден За неколку дена ми е роденден...Па неможам да се одлучам каков модел на фустан да купам (сошијам)...Ако може некој интересен предлог затоа што стварно немам никаква идеа и замисла
Роденден за неколку дена неможеш ништо да сошиеш, најдобро прошетај до некој бутик и првото што ке ти се допадне тоа купи го
Девојки дали е срамота вакви кратки панталони да ги носам оваа сезона? И со што би можела да ги искомбинирам.
Не е срамота, стави црни хулахопки (подебели) една обична мајчка, гердан или големи обетки, собери косата, високи потпетици и едно убаво сако и дотерана си, и ташна секако
Женски сакам да облечам за излегување навечер црвени чевли на плута , еве вакви сакам да ги искомбинирам со некое црно здолниште и сега какви хулахопки да облечам, црни или бисер боја.