Па зависи за каде. За излегување многу ми се кратки, практично се се гледа. Со дизајнирани хулахопки убаво би стоеле а така на гола нога не баш.
Со се можеш да ги комбинираш, исто како со фармерска сукња, ама имаш пантолчиња. И многу ти се убави, ми се допаѓаат. На лето би ги носела без ништо, ама сега бидејќи е ладно обавезно со холахопки. Коритсаки - Не можам да ја видам сликата, ама претпоставувам дека се најновите чевли, црвено со светки на полна пета... Јас би ги комбинирала со поедноставна облека и црни холахопки, бидејќи тие се понападни, па остатокот од гардеробата да биде покласичен. Одговараат со црно, црвено, сребрено, бело, а можеби и со некоја друга варијанта. Како и да искомбинираш, оваа сезона сите бои се ин. Што пошарено-помодерно.
^ се зависи до моделот и нијансите...искрено вака си правам слика во глава ама некако не ми штима, да беа обратно...дефинитивно ќе речев ДА
Срциња... немам идеја со која боја најубаво можат да се комбинираат сини пантолони и сина марама? Фала однапред
Бела, сива, кафеава... Зависно што имаш од остатокот на гардеробата. Памелче - дефинитивно НЕ за комбинацијата.
Епа вака, можеш и со тексас јакничка, и така многу носат сега такви. Можеш и со некоја светло ама многу светло зелена маичка, знам дека не одат баш, ама пастелна боја иде вака. Можеш и со сива блуза.
И ја прашавза вакво палто со кафени палтолони ама ми рекоа не, така да еве одговор на твојто прашање, носи го со тексас фармерки.
Ако е вакво исто спортско можеш со сиви, црни тренерки, можеш и со фармерки. А блуза можеш бела, црна, сива
Девојки си најдов во плакарот кожени паталони, од лани-полани.. Би можела ли сега да ги носам? И со што?
Eпа немам замисла какви се, ако се тесни, цефка и црни носи ги за искачање навечер. Ипак би ти рекла ако можеш сликни и стави ги да ги видам па ќе ти кажам. Или па ако можеш најди ги на нет и стави ги
Не можам да ги сликам, нема како да ја извадам сликата. Еве вака нешто се, тесни цевка, со патенти долу..
Супер ти се за навечер, носи си ги Можеш со многу ствари да ги комбинираш, со плава, црвена, бела, сива