Батерфлај15 - Со црниот е многу подобро. А ако евентуално се одлучиш за втората варијанта, јас лично не би избрала крем каиш. Праска на крем, не ми иде.. Барем мене.
Никако вакви шарени и кичасти штикли. Клод црни и можеш црна или таква розе плик ташничка. Накит исто црн или нешто на таа розе боја. Значи не мешај бои и не шарај многу, не вкусно ќе изгледа. Убавината е во едноставноста, не заборавај.
мене повеке ми се допаѓа онаа црвеното фустанче во некоја јака брескова боја со крем каиш и некоја ташна што ке ти одговара
Кога го видов фустанот ми дојде во иста секунда едне фризура пред очи. Нешто вака: Ако ти е косата до раменици совршено ќе одговара, не си свесна колку. Ретро, многу елегантно и нема промашување бидејќи е чиста класика. Веќе те замислувам со не толку нагласени очи, само со туш и маскара и крваво црвен кармин. Совршено. А ако сепак си за поопуштена варијанта или пак не ти одговара на косата можеш нешто вака: Опуштено и интересно, а сепак елегантно. И крајна варијанта, ако имаш подолга коса и сакаш да ја носиш пуштено и да не се замараш толку може нешто вака: Лесно навиткана и ставена на страна. Опуштено, без многу замарање. Hope I helped.
Црниот е поубав и повеќе ми се свиѓа. Мислам дека добро ќе го искомбинираш ако направиш така како што пиша, но сепак ти си знаеш кој ќе го избереш.
Девојки шијам фустан ваква боја моделот го имам ставено некаде низ темиве значи не е овој модел, е сеа си најдов штикли слични на овие Прашањето ми е дали цикламава ќе одговара со црни штикли или додека има време да барам бели... инаку ќе носам сребрено пликче
Ако носиш сребрен плик убаво би било да ставиш и некој друг сребрен детал.Не гледам зошто не би одговарало црна и циклама.А можеш исто да размислиш и за сребрени штикли.
Епа вака фустанчево е елегантно и не мислам да го носам за излегувања и сл. кога ќе го носам ќе го носам на свадба .Но кажете ми на пр.со што можам да искомбинирам? Иначе овој фустан беше долг и свечен,и е со корстет,ама јас си го скратив и си го стеснав (од мама беше ) Занемарете на прерамките од прслукот и бодито. Спојлер Извинете ме за лошиот квалитет,од моб сликав.
Твити ќе носам сребрени обетки и сребрена трака на главата, а за штиклички неможам да бирам и да сакам никаде нема 34-35 мал број срќна сум што и овие ги најдов...
Истиот проблем го имав и јас,ако си од скопје побарај за сваки случај на битпазар таму од позади,или прошетај таму прашај. А ако не најдеш одговара и така со црни зошто да не.
https://www.facebook.com/#!/photo.php?f ... =3&theater ајде сеа помагајте овакви стикли крем 15 см стикла со црно сукниче тул ама незз со какво блузиче да искобинирам ми треба за на свадба ( од поважните гости сум ) па затоа знам дека горе нема да оди рамбовче или едноставно маиче. Затоа давајте предлози и помагајте ! Позз девојки и срекни празници
Па според мене подобро е да ти е собрана косата како по свечено варијанта, и да ставиш некои обетки не многу впечатливи. п.с. Од каде ти е фустанчето многу ми се допаѓа? ??