Темата ми се виде најсоодветна за моето прашање. Денес средувајќи некои стари парчиња, случајно ги најдов чантата и чевлите кои се уште од времето кога мајка ми и татко ми си го фрлиле меракот. Чантата ќе ја носам 10000000 посто, има да и надокнадам за сите години од кога е забуткана во архивата на мајка ми, но би сакала да побарам мислење за чевлите. Дали вие би ги носеле? И дали е возможно да ги однесам на кондураџија, да ја извадат штиклата и да ги носам рамни, или сепак тоа е mission impossible, само плод на мојата бујна фантазија?
Не знам дали можеш да ја извадиш штиклата, може да се уништат чевлите. Јас да бев на твое место би ги носела, баш се слатки
Преубави се и чантата и чевлите, јас искрено бидејќи не сакам штикли би прашала некој кондураџија дали е можно да се направат балетанки, инаку апсолутно ништо не им фали. Најискрено преубави се, зашто јас никогаш не наоѓам вакви парчиња
Не верувам дека би можеле да се направат како балетаники, затоа што задниот дел е повисок, и кога ќе се извади штиклата нема да биде рамно, ама за секој случај прашај некој кондурџија можеби ќе може да ја замени штиклата со нешто Честито нова ташна, преубава е обавезно да си ја носиш, сега ми текна и мајка ми има слична одам да ја барам
Чудава си ги најдов по дома..Гледам сега портокаливе со нивната боја се на мода. Па да видам дали би ги носеле вие овие П.С. Занемари црвена тренерка и зелена чорапа
Феминки, молам за совет. Си купив за свадба дреч жолто фустанче и мастило сини салонки и таман кога помислев дека се стокмив, почнав да се предомислувам за штиклите. Бидејќи се работи за свадба од сестра ми, цело време ќе бидам на нога, а јас не сум тип што носи штикли често, така да знам дека ќе имам мака. И сега прашањето ми е, ШТО да облечам на нога? Балетанки ли, некои пониски штикли, што? И каква боја? Не верувам дека пак ќе се одлучам за сини. Не можам да најдам слика од фустанчето, но како што кажав е дреч жолто, тесно, на едно рамо, со карнерче на горниот дел и најбитно - НЕ е сатен. И сега? Што на нога?
Најискрено јас би со крем балетанки/ штиклички ако најдеш пониски. Да, модерно е сега да мешаш јаки бои, но тоа е модерно сега. По многу години кога ќе ги гледаш сликите можеби ќе се покаеш зошто си експериментирала. Се работи за свадба на сестра ти и би требало да бидеш поелегантна, а не премногу шик. Не велам дека со сина нема да бидеш убава. Убава комбинација на ои си одбрала, но и сама кога се двоумиш не си сигурна дека е во ред изборот.
ако најдеш некои пониски штиклу мозес таквид аси земес,а ако не тогаш балетнаки...провери си кое поубаво ке ти стои..
За боите не се двоумам, велам не би зела сини затоа што едни веќе имам , што ќе ми ги уште едни сини, инаку добро одговараа во комбинација со жолто,се предомислив само поради висината на штиклите. Но од друга страна пак балетанки ми се повеќе за секој ден, не толку ко за на свадба, па затоа и прашувам, за некој посвечен модел или .. не знам.
Епа супер ти е жолто со сино Спојлер ко знамето на Шведска Оди така, ама кога ќе се измориш од штиклите обуј балетанки, мене прво што ми е текнува за боја е кафеава и кафеаво каишче ако дозволува фустанот. Спојлер Крај краева, па и свадба на сестра е, сестра ми здравје кога ќе се мажи јас највесела боса на стол има да играм - пошто и јас не ги љубам штиклите мн мн
^ Ако се за секој ден, ќе најдеш некои по гламурозни и пак ќе изгледаш убаво -пример Спојлер И не се двооуми ако мислиш дека на штикли нема да издржиш, најди си некои убави, елегантно-штосни балетанки и немај гајле , побитно ќе ти е да се осеќаш убаво а не цело време нозе да те болат од штиклите
МендиЛејн јас би ги носела штиклите додека ме држат нозе, па кога веќе нема да можам би облекла балетанки. Овие Ла- Чика што ги постирала се баш штосни, елегантни. Исто така можеш да ги замениш со некои кондурки на полна пета. Кафена боја би била најнеутрална.
Златни алки обични, од оние што се многу ... И некои мали златни обетки. Браво за комбинацијава многу ми се допаѓа. Ако можеш пиши ми од каде ти е маичката
Девојки оди ова фустанче со гри чевли?? или со црни да искомбинирам?? Не можам да ги носам овие сандалки, оти ладно е надвор, и не е уште за сандалки Каков накит да ставам??
^ Ади јас фустанчево би го носела со црни салонки, подобар контраст има и мене лично на око ми е многу поубаво. Можеш да го искомбинираш со црно ланче, алка и некоја црна, или евентуално кремава, плик ташничка.
По убаво ќе биде до црни (така јас мислам) и некое црно ланче и црни обетки... Или па ако имаш може и со црвени штикли и црвено ланче, супер ќе биде. Но ако немаш може и црни, одлично би било.