Ама не, јас ќе си носам јакна, ама кошулава ми е ептен тенка и зборам врз неа нешто друго да облечам + јакна, мада ќе бидам малку натунтана ама ајде..
Па ако ти се за шетање онака УГГ ти се супер.А за искачање не знам да ти предложам, баш затоа и никогаш за искачање не сум ги носела.
Мене па не ми идат многу многу со бело Мислам дека поубаво ќе идат со кафеави чизмичи и да си ги искобинираш со нешто кафеаво нагоре Ако имаш некои шорцеви или сукњичка со кошулка
Женски, мене не ми треба помош за комбинирање, туку ми треба мислење ама не знаев каде да го сместам Ова е рачно изработена чанта, денес финиширана. Сакам да ми дадете искрени критики, дали ви се допаѓа и дали нешто би промениле. Ајде ве молам, бидете фини и искрени.
Напишав друго, ама од кога поубаво ја погледнав ташната целосно ми изгледа супер, некои моменти не сум ги забележала
замислата е супер, изработката е добра едно не ми се допадна, некако на делот од десна страна чудно изгледа горе каде што е шиеното, или патент има незнам, на другиот дел од цветовите не се гледа како е тоа сработено, иначе феноменална е чантичката
Веќе стиснав ми се допаѓа што значи немам што да додадам околу тоа... Стварно е прекрасна! Сама си ја правеше? И ме интересира дали има рачка онаква како за преку рамо или само како пликче е?
Јас би ги носела со црни хулахопки ама не со ептен шарен дезен(подискретни) и црна обична блуза или џемперче со ланче некое посветло
Гоу за работ мислиш, на самиот крај? Што изгледа малку така крив? Така изгледа затоа што работ е целиот поминат со монистра во кафеава боја (која за жал не се гледа на сликата). Во живо не се гледа тоа, те уверувам Инаку се закопчува со нитна во средината, а внатре е обложена со златестиот материјал употребен за цветовите. И благодарам патем. Многу ми значат вашите коментари Едит: Ла-чика, плико е. Ама може да има и рачка, зошто да не Баш фина идеја!
Старфиш ташната е прекрасна,значи мнооогу те бива тебе девојче А од каде најде материјал и како ја правеше? Ме интересира дали е обична купена ташничка,а ти ја навезе вака убаво или скрос сама ти ја правеше?
немој со оваа маичка мене премногу детски ми изгледа ако имаш бела кошулка пробај со неа таман убав контраст ќе добиеш
Старфиш бејби А си ќутиш, а? Не кажуваш дека поседуваш ваков талент моме Многу ме бендисува и обликот, и изборот на бои и изработката, дури имам чувство дека сликава не ја ни покажува каква е во живо чантата, т.е. поубава. Јас предлагам да се фрлиш во процес на изработка , кревам две прстиња како твоја муштерика... не за друго, ќе ме спасиш од одење до Солун (мала шала) Многу е убава, без грам лицемерие, би ја носела уште вечер
Вечер искачам во дискотека и стварно поима неам што да облечам. Сакам да се скоцкам со оглед на тоа што ова ни е прво искачање у јавност со новиот дечко =) а од друга страна надвор има снег, и се нешто мислам дека ќе ја оплескам со изборот... Па ве молам за помош Имам иста ваква туника и незнам со што да ја спојам. Глеам цурава лакована чизма не ме бендисува. Плус што би наметнала одозгора поима неам Е сеа неможев да најдам исто ама слично е со ова фустанчето (не се толку бушави карнерите, само еден ред е) да го искомбинирам со хеланки/ хулахопки + салонки (или чизми) И слично фустанче, само балонка стил (ама циклама е бојата) се мислев со црно да искомбинирам, ама не ми е актуелна таа темно розева боја баш.... Незнам зашто им се навртев баш на овие две/три парчиња, можеби зошто не ми се носени * Секоја дополнителна идеја би ми била добредојдена