Марамава со оваа блуза(само да и ги испарам гајките ) може да помине ? ,ако не со каков модел на блузичка и каква боја.Идеи?
^ Може,може,но со сосем друга боја панталони или фармерки. На пример со минт боја фармерчиња и некој розев аксесорис,алка некое,прстенче,топ ќе изгледа. И ми се допаѓа марамата,може да се носи во повеќе комбинации бидејки е шарена и цветна.Убаво ти текнало со плаво блузиче,ама може да мешаш и розево,бело нешто така...Може и темно зелено,она накај маслинесто што иде повеќе. И само да ти напоменам,според мене блузичката,марамата и плави обична боја фармерки нема убаво да биде.Некако ќе биде многу плаво,додека минтот или розевата ќе разбијат монотоно и ќе биде шаренко и пролетно.
Ќе одговара со кремави балетанки и ваква мини чантичка? Дрвени кремави обетки во форма на цвет и дрвена алка кремова? Мислев со светлоплави фармерки ама ќе размислам за боите што ми ги посочи
Ако може еден совет од вас феминки. За апсолвентската си купив сивко фустанче , незнам бојата колку ќе ја доловите од сликата оти е сликано од тел. Имам црни чевлички кои ми се купени лани, ама оти ретко носам штикли дали и 5 пати едвај ми се облечени и не мислам да купувам нови, тие ќе ги носам , не ми се многу високи и удобни се. Е сеа прашањево ми е дали да го носам ова болерце материјалчево незнам што е наликува како на крзненце, ама не е оти некако кратки се влакненцава и незнам баш дали ке одговара за во мај месец со него да одам или да си купам некое ново палтенце, пократкичко ?
Сакам за матура, фустанот ми е сличен на овој, црн, си купив штикли со анимал принт, т.е. со змиски дезен, кремасто-црна комбинација и ме интересира дали ке ми одговара бисерен кремаст ѓердан на ова? Мене ми изгледа се натрупано, можеби погрешив со штиклите ама се заљубив буквално, морав да ги имам . Многу ќе ви бидам благодаарна
Девојки, ваква боја фустанче нијанса потемно, дали ќе е премногу кич со црни салонки? Боите ми се ок, ама пак се двоумам... и накит на црно? Лак каква боја? Хулахопки?
Вака сега тражам мала помош каква боја на салонки би одговарале на ваква боја на фустанче... како овај првио лак
Црни, крем боја, или златни ако сакаш да бидат повпечатливи со златен накит. Може и светло сини, може и виолетови, но пробај да ги искомбинираш со накитот кој ќе го носиш.Мое мислење.
Му го фрлив јас окцето на едно вакво слично сако низ град. Попладнево веројатно ќе одам да го купам, па сега ако имате некоја идеја како да го искомбинирам.. Не сакам само да го купам, па да не види бел ден потоа Spoiler Којот е поинаков малце, а бојата е најблиску со ова "моево"
Со се што сакаш можеш да го искомбинираш, бојата е прекрасна. Можеш со фармерки, бели панталони, еднобојни фустанчиња ...... или купи иста таква боја ташна.
Нема да биде кич воопшто, можеш со обични прозирни хулахопки (само немој те молам со оние бисерине) или пак со црни ама што се прозираат исто хулахопки. Ноктите налакирај ги или со некој нешен крем лак или напрај си француски маникир. Од накит можеш да искомбинираш со нешто златно ако има деколте фустанчето некое така по гломазно ланче или пак знатни алки од оние како кругови што се, нареди многу. Ако немаш ништо од ова стави некои златни долги обетки и прстенче Секако дека можеш да комбинираш и со црн и со зелен накит, но со златен би било повпечатливо
Како да ја искомбинирам туникава,планирам нешто со хеланки,ама дај помогнете од аксесорис,обувки ии ред др.работи....
Ако ја носиш со црни хеланки, облечи и црни балетанки. Ама јас би искомбинирала со циклама хулахопки и црни балетанки, така повесело да биде. А од акцсорис зависи што имаш. Би било убаво да разбиеш со ташничка во друга боја, ама и црна би завршила работа. Нареди и алки на рака, и тоа би било тоа.