Можеби прашањево не е за тука ама не гледам подобро место за да го поставам. Вака на интернет гледав на една страна на бутик од Грција вакво исто фустанче само на раметната има машнички. Ист е ваков, светло розев, чипкан, и планирам да го искомбинирам со тиркизни штикли. Е сега, мајка ми вели дека не е за апсолвентска вечер, ама сакам да прашам што вие мислете. Мене ми е топ за апсолвентската бидејки не сакам да бидам премногу дотерена и кич. Инаку не е точно ова фустанчето, ама исто такво е само со машни, ама не ми дава да постирам слика од него. Еве. п.с. штиклите се оние од Аванти ако некој ми ги памети, ги постирав во некоја тема, тиркизните.
Elenuskaa -според мене не,многу светкаво ми е сето тоа, поедноставни кондури можеби. Creshicka - Штиклите не ти ги знам ама многу ми се свиѓа фустанчето,најважно е на тебе убаво да стои,немора да значи дека мора да биде сатен
Па можеш и со црни и со кремови штикли. Ако го комбинираш со тиркизни најди и таква чанта и накит позз
јас би го носела на апсолветска, јас кога бев апсолвентка бев во најобично фустанче црно, кратко како корсет и да ти кажам повеќето ако не и скоро сите беа облечени поедноставно, после тоа го скапав од носење
Црешичке, мене ми е бааш слатко фустанчето. И чипкава го прави онака, погламурозно и поелегантно. Така да, според мене не изгледа обично. И баш убаво би стоело со тиркизни штикли. Со кремасти не. Зашто, розе и крем не ми одат заедно.
Црешичке, ако ти се чувствуваш во него убаво, ако тебе ти се допаѓа комбинацијата,веќе направената слика во глава...не слушај други мајка,тетки,стринки.
Многу е слатко фустанчето и јас мислам да го носиш на апсолвенска, ако би одбирала и јас фустан бидејќи и јас сум апсолвентка би одбрала нешто слично не многу свечено. Интересно би било со тиркизна боја да го комбинираш.Поздрав
Црешичка мене ми е совршено и за апсолвентска и за после да го утепаш од носење. Ги памтам чевлите што ги имаш ставено во темата „Вашите чевли„ и супер би ти одговарало. Само јас би ти предложила да носиш плик ташничка во боја на фустанчето и таков нежен накит. Само штиклите нека ти двојат, нема потреба од други тиркизни детали
Како ќе немаш? Можеш со многу други бои да ги носиш. Инаку и јас сум само чевлите да двојат т.е да имаш на пример обетки и прстен во бојата ко чевлите. Фустанчето е супер за апсолвентска. Слично имаше во Елит 1200 денари.
^ Не не, мене ми е замислено со плик иста боја како чевлите. Инаку фустанчето е 17 евра, дури поефтино од Елит.
Нзн каде да прашам па решив тука дали е време за бели пантолони? Мајками ми вика не е време не се носеле уште сега па нзн ке ве молам пишете
А кога е правилно време за носење бели панталони? Кога сакаш - тогаш носи ги! Незнам од каде ви е ова дека постои период за и против носење бели панталони.
Aјде едно прашање,малку простичко Дали би мешале анимал принтови,пример балетанки леопард принт и марама што е сина но сепак е леопард принт?Hе знам дали ме рабравте Aх еве ги најдов какви ми се балетанките, еве пример ваква имам,и една со син принт