Aјде едно прашање,малку простичко Дали би мешале анимал принтови,пример балетанки леопард принт и марама што е сина но сепак е леопард принт?Hе знам дали ме рабравте Aх еве ги најдов какви ми се балетанките, еве пример ваква имам,и една со син принт
Јас дури и кога би биле исти би размислила дали заедно да ги носам можеби да, но вака не би мешала, сепак треба да нема премногу работи кои доаѓаат до израз. По мој вкус тие балетанки ако мислиш за со каква марама би ги комбинирала со еднобојна или евентуално некоја која како да се прелива, но ќе кажам пак да личи ко да е една боја, или кремава или кафеава. А марамата би ја комбинирала да дојде како украс на некоја комбинација, која повторно не треба да има некои шари и доколку е марамата со принтот само сина боја, тогаш друга , потемна нијанса на сино би требало со оваа марама да стои ТОП. Да не беше со леопард принт ќе кажев и со спротивни бои да ја комбинираш , но вака не .
Cе согласувам со вас,истото си го помислив,зашто кога ке си ставам двете наеднаш ми изгледа пренатрупано и шарено,но една другарка ме убедуваше дека нема врска,може да ги носам,но сакав да слушнам ваше мислење
+ розево=портокалова маичка, палтото подвиткани ракави и црни балетанки и црна ташничка малцека, иде?
Не знам каде точно да го ставам прашањево, а одговор ми треба што поскоро. Глупаво ли е да облечам сандалки на денешен? Стварно имам замислено една комбинација за вечерва, а салонките ми се на чевлар, чизмо-чевли исто не ми се ставаат... Кажувајте хахах, ако не да си барам друго за носење
ај ако може едно прашање имам сиво сако кусо не многу кусо со мали линии црни некоја комбинација ве молам никако не ми иде на глава???
Освен со бело и со црно,што се стандард комбинации,можеш и со црвено,со циклама маиче и фармерки. Стави и каифче во боја на блузата.
Женски, може да ми дадете некои модели за фустанчиња, но некои посекојдневни? Ќе одам на крштевка, па сакам некое посекојдневно фустанче кое ќе може да го носам и преку лето.
Со што да ја искомбинирам сукњава? (долга е до под колена , бои на сукњата : бела основа ,зелена ,плава ,жолта ) Мене ми се врти некоја комбинација со римјанки кафеави ама незнам каква блуза и боја? Накит . Хелп ?!
Бела рамбовка, а од накит мислам дека некои дрвени алки добро би се вклопиле оваа комбинација. Spoiler На пример, нешто слично со ова:
Да само не ми стојат алките слаби раце имам ... нешто со ластичиња или со подесување . Оваа чантичка ќе одговара и кафеави римјанки ,нема да е многу на бело така? И се мислев вакви да си земам само во плава или зелена боја цветчето ?Или да барам друго нешто?
^ Нема да е многу бело, сукњата е доволно колоритна за да стави посебен акцент. Инаку, можеш вакви обетки да си ставиш, како на сликава (само плави или зелени), баш интересно би било, мислам... Е сега, алки...може некои на подесување или нешто слично, зависи какви имаш или ќе најдеш. Боја, или како обетките, или пак на кафеаво...
Девојки на долг фустан што одговара повеќе затворени штикли или да бидат отворени? Инаку не се познават многу но сепак сум скептик Фустанот е цветен
Штиклите имаат врска со годишното време, не со фустанот. Така да секоја добра штикла одговара на добар фустан. Само подобро е лето сандала, зимо салонка, од практични причини, а визуелно нема никаква разлика. Ако носиш отворена само не носи хулахопка, зашто грдо е.