Со што можам да искомбинирам обична ,памучна со висок струк сукничка во тиркизна боја?? со каква боја маичка ,каиш...балетанки,штикли ...ако имате некоја фотка ставете
Мастило боја кратки панталони со висок струк со што да искомбинирам... п.с не можам да ја ставам сликата оти мн голема е .Да не знаете како да ја смалам?
Со било каква боја на маичка, рамбовка или кошула, сите бои одговараат, можеш и маичка на риги да облечеш или било каква шарена маичка, а од обувки можеш балетанки или штикли или патичиња, во зависност од тоа што носиш нагоре, нека биде во таа боја како блузичката, и накитот и чантата одбери ги во зависност од боите Не се огранучувај, со се одговараат панталончињата.
Иако знам дека квалитетот на сликата е многу лош, тоа е поради светлото...Немам блиц а на сијалица не испаѓаат добри сликите. Стара сукња од мајка ми која инаку изгледа како да е апла нова. Стои навистина убаво, тврд темен тексас со висок струк. Ама тој цветот од пулој ми ја квари целава работа... Со што да ја комбинирам вака? Пошо ако го извадам цветот се плашам да не ја упропастам
Ќе носам кремасто фустанче за матура и сакав темно црвени штикли да носам ама никаде неможам да најдам. Со какви да го искомбинирам стварно незнам
Ема можеш со многу бои, ако не најде темно црвени побарај и обични црвени, можеш со тегет, зелени, тиркизни, портокалови, буквално со какви сакаш, секоја боја оди. Можеш на пример и со крем штикли само да купиш ташна во некоја друга боја и накит во боја на ташната ... Се надевам ти дадов некоја идеја
Можеш како на сликата со тексас сукна, бело каишче и бели балетанки. Можеш и со фармерка и со црни панталони.
Можеш со светло кафеави штикли. Мислам, баш би одговарало, и да си земеш некоја таква чантичка како штиклите.
Убаво стои со olive green (окер). Исто така со некои кафеави штикли, како на сликава: Спојлер Инаку, не се ограничувај. Можеш и со циклама, тиркизно.. Тоа ти е неутрална боја, на се’ одговара (со исклучоци де).. Ама, се зависи од нијансата.
А зашо да носиш такви штикли !???? Воопшто не ми се допаѓа комбинацијата ... осија со црвени и со црвен накит ... белисо бел накит ... кафеави со кафен накит ... не со таква црвена ... воопшто не ми иде некако таа комбинација