Се мислам што да носам за на Вајт Дименжн во сабота.. Мислам дека мора да се носи нешто бело, имам само една бела маица, шта чу изгледа не ја љубам толку белата боја, штосна ми е, на едно рамо со беџови на неа.. Е сега незнам што фармерки/панталони да носам долу и какви сандали/балетанки? На располагање имам бели балетанки со машничка, бели сандали, и црно-златни римјанки.. Имам едни тексас цевка фармерки ама преобични се а и излитени се веќе, уште едни тексас цевка малку побелени и посветли, црни панталони, виолетови, зелени дреч, и едни со високо струкче зелено-плави,тиркизни.. што ја знам некоја пастелна боја имаат и толку.. Имам уште едни тексас ама тие се свлечени и раперски некако така да не ми доаѓаат в предвид. Хм, ени ајдиас?
Mене мастило боја повеќе некако ми фаќа око. Кајсија и корална ми се топли бои и двете, па нема да биде лошо да ставиш некоја таква ладна нијанса како мастиловата.
Ова фустанче, за на свадба ми е другата недела. Накит, ташничка, чевли? А можеби па и рано е за ваков фустан, м?
Црни чевли, црна ташничка и нешен накит, можеш нешто сребрено или пак нешто со разнобојни каменчиња или кристалчиња. Јас би ти препорачала нежно ланче со некое кристалче и прстен по впечатлив да одговара со ланчето.
pamelche, дефинитивно црни чевли и црно плико со среврен накит Сребреното да го разбие црното, и да му даде елеганција
ваква боја со што може да се комбинира прашањето ми е за хеланки или панталони со каква мајца може да се носи
Со бела, крем, кафеава(онаа посветлата нијанса), црвена, за посмирени комбинации. Со циклама, зелена и други јаки бои, ако си за нешто посмело.
а ке може на пример со бела маичка плави хеланки и зелени патчиња ( на патчињата има и жолто таа жолта како сенф незнам како да објаснам ) патчињата наликуваат на старки незнам со што да ги носам и патчињата се носам еднобојно со нив
Можеш,а можеш и да додадеш и нешто зелено од накит,на пр некое прстенче или менѓушки ако имаш,а и немораш,убаво идат зелено и плаво баш .
Убаво изгледа чантава во комбинација со сукњава ,некако како голема да ми е Помала кафеава чантичка нема да изгледа поубаво? Димензии на чантата 32_ x 22 l Кафеава боја поради тоа што со кафеави римјанки планирам да ја носам ... Совет?
Не е рано плус тоа на свадба во салата е топло. Според мене облечи црни салонки отворени напред и мала црна ташничка.Некој впечатлив прстени црни обетки.
според мене не е многу големо ташничето, ам можеш и бело некое скрос ако имаш или зеленко со бели римјанки,балетанки што и да е