А да пробаш колорблок со ова? Некоја жолта маичка и розево сако ако имаш шарен стил и супер ќе бидеш според мене.
Aјде едно глупаво прашанце,дали се меша анимал принт и риги,вака кога ке ги замислам ми изгледа многу шарено,но сакам да слушнам мислење
Во недела сум на свадба. Си купив едни високи шорцеви,тегет боја се,ама незнам со што блуза да ги комбинирам. Шорцевите се до струкот,па ве молам за некој совет каква блуза да носам
Срамота ли е под праска кошула(скоро проѕирна) да носам црн градник?Сум гледала и по нет и надвор и не изгледа лошо ама...
Волфче мешањето на овие шари беше голем тренд до скоро. Мене искрено ми е тоо мач. Еве некој примери од блогери па сама одлучи си.
Dushica-sk, срамота не е, тоа е ствар на вкус, пример мене тоа воопшто не ми се допаѓа,никогаш не би носела такво нешто.
wolf4e - мене мешањето на овие две ич не ми се допаѓа. Ептен ми е натрупано, едно врз друго. Според мене одделно носи ги. Dushica-sk - не е ич срамота. Според мене ептен добро изгледа и ептен е секси Anonimna - па пробај со некоја бела или крем маичка на прерамки или со кратки ракави. Само стави си после ланче или некој друг украс и ќе изгледаш едноставно, а елегантно .
Би ги носеле ли фармеркиве??? Сама си ги правев па не сум сигурна дали се ок.... И можам ли со штикли да ги искомбинирам???
^ Да зошто да не, јас би ги носела Инаку женски оди праска боја на фустанче, со гри чевли и гри чанта, и одозгора црно сако??, или да не носам црно сако
Убави се, но носи ги во некоја поспортска варијанта. Како што кажа Артемишн, премногу се исцепени за со штикли.
Би ги носела, зошто да не. За со штикли не знам дали можат да се носат, пре сум за поспортска варијанта, ама ако одбереш некои добри штикли, зошто да не .