Не знаев каде да прашам па затоа овде. Дали би одговарало обично,струкирано,со подвиткани ракави, крем боја кошулче со темно розево сако? И што да облечам надоле? Spoiler Кошулчето е ваква боја: Сакото е ваква боја:
Мене многуу ми се свиѓа комбинацијата ! А надоле,за да не трупаш многу можеш најобични фармерки со кондурчиња некои корална боја,или пак штикли
На твое место јас би ги искинала уште повеќе и би ги носела со шткили. Имам и јас едни со дупки по нив и ги комбинирам за излегување со салонки и баш си се бендисувам. Еве нешто ваква комбинација ми е баш секси.
Се надевам дека е соодветна темава, па тука ќе пишам... За некој ден ми е апсолвентска. Си се стокмив се т.е. она најважното, фустан и штикли. Е сега неможам да најдам ништо за врз фустанот. Немам дома сако или наметка што одговара (имам само џемперчиња таа боја, ама некако не ми оди за со нив), а неможам ни да најдам нешто низ продавнициве (по солидна last minute цена) па се мислам до хотел да одам така само по фустанче без ништо врз него. Што мислите, не изгледа безвезе? Фустанчето е кртако, културно кратко, а нагоре е затворено, и ниски штиклички имам. Што викате?
Ако неможеш да најдеш немора да носиш, па и нема потреба. Фустанот самиот по себе си ја прави целосна комбинацијата, а замисли си да е лето и е +40 степени тогаш е апсурд да се носи наметка. Јас сум да не носиш ништо па сепан нема да измнеш за тие неколку минути додека да стигнеш до хотелот.
Хаха фала на одговорт Не мислев поради настинка или ладно време. Што е до мене не би носела, ама гледам многу ми мрчат и сите ќе носат по нешто, па викај ај да си го прашам стручното фемина жири И онака 5 мин дали ќе бидеме надвор (џингарлака на паркинг) и ајт внатре Времево е непредвидливо па кај го знам Само нека не врнееееее......
Јас кога бев апсолвентка си бев сасмо на фустанот и тоа намерно така, многупати сако, палто или болеро безразлика можат само да ти ја уништат комбинацијата Доколку не најдеш нешто што ептен е соодветно подобро оди си само на фустан, а не со нешто ради реда
Феминки се мислам дали со фустанчево да си купам крем стикли од оние што се на плута и крем кожно палто на куси ракавчиња(сакам да носам палтенце бидејќи со фустнчево ќе одам на венчавка и некако неудобно ќе се чувствувам во црква ако сум вака на прерами) или ми предлагате нешто др...
Не мораш крем штикли, можеж и бели, фустанот има бели шарки, а и марамата му е бела. Инаку за палто ептен ако си сведок да не ти бидат откриени рамениците, инаку вака ако само присуствуваш како гостин можеш а и не мораш, како ти душа сака.
Милјкович, мене ми се допаѓа замислата. Убаво би изгледало, јас не сум за бели чевли, ептен ќе ја исшараат комбинацијата. Можеш сако да носиш одозгора, ако несакаш јакничка или некоја тенка наметка
Мислам дека кожно палто прегрубо би стоело со ова. Подобро некоја наметка како шал нешто инаку за штикли можеш плутени кафеави или кремасти и во краен случај можеби и бели
^miljkovic Убаво е фустанчево. Инаку, мислам дека добро би одговарало со крем штикли, а палто не мораш кожно, туку подобро би било со некое, исто така кремасто или нијанса на кафеаво (како бојата на фустанчето). Spoiler Пример, некои палта: или вака
Би одговарале и бели,а и некои крем чевли според мене,а можеш да си земис некое палтенце пример сако или пак некоја наметка која што би била нежна крем боја и би те отворила.