Баш вакво сакам, ама дали ќе најдам кај насс не знам ...Фала иначе на советов и дефинитивно се одлучив за крем штикли
Си купив минт боја фустанче,ама јака минт Свечен е,како свиленкаст,надолу е плисе ,значи вака нешто Пoд градите оди со црн каиш ,кој е многу убав и така посвечен.Е сега незнам со каква боја чевли да го облечам,ми треба за свадба-дали да одам со црни,или нешто светло сиво само да го сменам каишот на сиво.Навистина незнам,изгледа црното е најдобра опција,да не експериментирам :geek:
Eли јас би го носела фустанот со сиви или пак крем чевли,јас не би комбинирала со црно некако така ми е досадна комбинацијата
^ A дали да купам и сивкаст каиш? Пошто убаво личи со каиш под градите,а каишот е црн,ако остане тој многу бои ќе се измешаат Инаку ,вчера си купив и светло сиви штиклички,ама за друг фустан ама изгледа со овој ќе ги искомбинирам,а со крем пробав,не личи некако
Се согласувам со Волфче за кремастите чевли. И јас имам иста боја фустан и кремасти со себап и изговор заради него си купив Каишот остави го црн ќе разбие монотонија, стави на пр топчести мали убетчиња, две-три алки црна и крем, беж кармин, парфемицата и готова си. Ах, и ако носиш хулахопки немој преемногу цветкави. Ту бре цела сум те средила
Девојки дајте ми комбинација за зебрест принт на фустанче,кратко.Со каков палто,накит чевли ташна нешто така
Ели јас сум за со нешто кафенко да комбинираш. Некако црна ми е прејака за минт. Ама не она кафено, кафено, него повеќе на крем да мава.
Каков лак да ставам на црн фустан, црна ташна, црни со кафеаво чевли, и златен накит? Уште тоа ми остана, инаку сум туто-комплето спремна.
кремаст,беж...некој лак што ќе навлече приближност со накитот а ќе биде контраст на сето тоа црно,да ја разбие монотонијата.
eli25, jaс минт си носам исклучиво со крем, бело и нежно бебешко розево. И исто со нешно жолто, пастелна жолта многу убаво изгледа Провај со крем каифче или кафено, супер ќе стои, не сиво според мене. Сигурно е пренежно фустанчето
Сакам да носам фустанче бело со црвено слично како на сликава, па би ве прашала со какви чевли ќе ми одговара освен бели,црвени и црни Дали би одговарало со кремови?
^ Со кремави, ако милсиш ќе биде совршено, можеш и со кафени, ама вака повеќе ќе ја отвориш комбинацијата, и поубаво е.
Бојата е ваква: Спојлер А моделот ваков: Спојлер Со што да искомбинирам вакви слични кратки панталончиња. Може да ми предложете и комбинација за преку ден но и некоја комбинација за излегување со штикли.
^^ За преку ден со балетанчиња, црни, крем, бели,тегет... со обична бела кошула, напикана во панталоните и мало каивче. Може и со кафеаво, со дрвен накит. Може и во морнарски мотив. За излегување најсигурно е да ги комбинираш со црни салонки и црн топ, а да разбиеш со различен накит, златест, тиркизен... Ако имаш крем сандали, може и со нив, а за горниот дел, пробувај со различни бои, може и со принтани маички со различни дезени. Може да облечеш и сако од горе, да ставиш марама. Има доста опции за шорцеви, експериментирај, сигурно нешто ќе ти остави впечаток
Багуфче, еве преку неколку слики: Убаво би било и со крем и кафено да се искомбинира: Со сако: А за вечерно излегување, јас би искомбинирала со црна маичка/топ, црни салонки/сандали, и розов накит