Некој во некоја тема имаше пишано ,тука ако бараш совет и ако сакаш да ти биде даден треба и ти да даваш.Ама ова не е баш таква тема.Јас ако знаев да искомбинирав ако имав идеи немаше да прашувам,значи се сметам дека не сум компетентна за да се снајдам сама за себе со боите па не за некој друг,само можам да го збунам Ова го напишав зашто повеќе пати кога барам совет тука добивам еден или ниту еден совет а некој прашува и 20 совети наеднаш ,иако тие се меѓусебно слични или исти . Па би замолила некој за совет. Со што да ја искомбинирам маичкава ,корално црвената боја доминира на неа. Со корално црвени панталони или со крем повеќе би одговарало? Или пак фармерки ?
Еј луѓенца, заборав да прашам за обетки, да носам слатни ама не долги поштно немам, или да носам малецки црни? На долу опишаното. Спојлер
^Kate имам слична ваква маичка и ја комбинирам најчесто со фармерки. Ако имаш црвени и крем панталони можеш и со нив да ја комбинираш. Што и да одбереш нема да згрешиш бидејќи со се ќе ти одговара.
КејтДГрејт, со крем панталони или со фармерки, можеш и со бели или црни панталони. Маичката е сама по себе доста шарена, па затоа комбинирај ја со смирени бои на панталони, еднобојни сандалки, римјанки, балетанки ... Исто и еднобојна ташничка во зависност од тоа какви панталони и чевли носиш. Со накитот може да експериментираш и да правиш комбинации од боите кои ги има на маичката.
Јас би ставила црвен лак за да отскокнува, а за обетки златни или пак можеш и мали црни, во секој случај ќе изгледа добро
Bака сега купив сукна во кралско сина боја,така како набрана е и е до над коленици,сакав да ја комбинирам со црн топ обичен и бело сако така кежуал е,со сино ланче,и крем ташна,е сега се мислам дали да носам бели чевли со метален врв или крем чевли? Mе разбра некој?
Хехе те разбрав јас,јас мислам дека треба да носиш крем чевли ,така би била туто комплето,по мое сепак ако се чевлите бели,металното врвче не би ми се совпаѓало во таа комбинација.
Девојки сакам да ставам слика за да ви ги доловам фустаните за кои што ми треба совет,но не знам како,ми јавува некоја грешка во постирањето,ако може некој да ми кажи како се постираат слики.А да не бидам офф топик за на свадба се двоумам помеѓу два фустани едниот е бледо розево со основа гри,а другиот е некоја чудна нијанса на црвено и розево,нешто помеѓу,ама сакам да ви го покажам моделот. На првиот фустан дали ми одговарале крем штикли или црни? На вториот претпоставувам црни, па ако имате некои предлози отворена сум .
И јас и јас сакам помош Женчиња епа вака,дали со фустан зелена боја ама не дреч зелено можам да носам штикли крем боја или да го носам со црни а
ме изнасмеа јас мислам дека поубаво би кажало со црни,ама и крем не е лошо како комбинација и така и така не би направила утка.
Крем чевли зашто ќе носиш и крем чанта а јас секогаш настојувам бојата на чевлите и чантата ба биде иста
wolf4e - јас сум за крем чевли, така ми е покомплетна комбинацијата. cigarce - можеш да си носиш крем ама гледај и ташната да биде крем за да биде некако покомплетно, а може и црни, изборот е твој.
Цигарче секако дека можеш со крем, крем чевли можеш со секоја боја да ги комбинираш, супер би биле на зелено. Ако несакш крем ташничка можеш да носиш златен накит или некој накит со детали во крем боја.
Цигарче, крем и никакви други. Гледај колку е убаво, плус крем е најубава боја, која оди со зелената,црвената,портокалевата,жолтата и сл. Спојлер Поубаво е со салонка, ова го ставив како пример, и ташничка- плик иста боја како чевлите. Еве и со црни, ама комбинацијата е досадна, а со кремавите е поубава.
Не знам каде да го поставам прашањево , па најсоодветно ми е тука Би носеле фустан во светла сина и бела боја. Еве ги боите Фустан сакам да купам, ама боиве ми се некако.... Инаку фустанот не е во овој крој, убаво е изработен , со панделка е , ама се двоумам поради бојата Некои ми рекоа дека боиве се како за „работнички“ . Што да правам?
^^ Немој волку површно молимте. Носам дреч портокалово па не сметам дека личам на комуналец, носам темно зелено па не личам на четник. Башка и боиве повеќе потсеќаат на "морнарско" него на "работничко". До пред некое време и беа највеќе во мода. Плус можеш секако да си ги искомбинираш со некоја друга боја, машнаичка, штикли нараквици, палто во црвена, црна, кафена и др. боја...