па мсилам дека фустанчето е доволно колоритно и мислам дека крем штила и крем сако би била совршена комбинација и некој дискретен накит
Мене одсекогаш ми се допаѓал ваков дезен на фустани маици и не ми текнало дека ако си вака облечена може да изгледаш како работничка
Ве молам одговорете ми набрзина дали одговара вака: Боите не се гледаат убаво но ви ги опишав панталоните, а блузата е како плетена бело со тегет. Или сепак да облечам фармерки на блузава...И дали со блузава би одговарало темно розево сако со подвиткани ракави?
сега бојата на панталоните на можам да ја утврдам баш каква е, јас мислам да си излезеш со фармерчиња и со блузава и да си го носиш сакото што го кажа
danniela5 - многу е убав фустанот, а боите мене воопшто не ми личат на работнички бои. Да си го земеш под итно AmericanWomаn - па имаш повеќе избори, крем штикла, крем чанта, бело сако, црно сако, бела штикла, бела ташна, бисерен накит, сребрен накит.. Твој е изборот. baguf4e - малце каснам знам, ама за друг пат да си знаеш, мене ми е многу убава комбинацијава. Убаво стојат и панталоните и маицата заедно.
Некоја идеа како да искобинирам нежно жолто кошулче ? Од предната страна е пократко а од задната подолго ( инаку кошулчето се прозира )
Како да искомбинирам сини панталонки кратки со висок струк? Само не со црно и бело, не ми се допаѓа така!
имам едно прашање женски...значи вечерва сакам да облечам бела блуза на прерамки долга е , со кратки пантолончиња кремасти инаку и на блузата има некакви апликации не е обична бела. и сега да носам кремасти салонки или сандали бели на плута ( плутата е кремаста).? чантичката е исто кремаста
Фустанчето ти е преубаво,од каде го купи? Од кога барам вакво.. Иначе можеш да го искомбинираш со крем,црни балетанки.Зависи од возраста можеш и со некоја штикла од овие бои
Ми треба помош со какви чевли да го носам фустанчево ко на сликава ? https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... e=1&ref=nf
Па, што знам да не бидеш целата крем, можеш да ги облечеш белите сандали на плута, а ете имаат и тие кремаст детаљ така да супер ќе ти одговараат. Инаку знам дека не праша за аксесорис, ама јас би ти препорачала да ставиш накит (ланче или некој помасивен прстен) во некоја појака боја, колку да разбие монотонија во комбинацијата. Багуфче, мене вака ми е преубава комбинацијата, ама можеш маичкава да ја носиш и со фармерки и со сакото што го кажа. Можеш дури и со сукња, ма секакви комбинации можеш со маичкава, предобра е. Барби , можеш со корална боја, портокалова ама треба да ја погодиш нијансата,можеш џиш, пастелна, неонска, појака нијанса (верувај ми добро стои!) ,јако црвено, циклама, розе, праска боја, понежна и потемна.. Можеш и со друга нијанса на плава боја, индиго пример, пастелна, посветла од таа на фармерките, потемна.. А ако сакаш светлуцави работи, можеш да комбинираш со рамбовка или маичка со светки или циркони на неа, пример златна или сребрена.
Си купив вакви пантолони малку подолги и имаат и кафеаво коланче, помош околу изборот на маичка и балетанки.
^Ауу, преубави ти се. Кажувај од кај ги зема и колку. Инаку прво можеш да ги носиш со висок струк ако ти стојат така, поштосно ќе биде а зашто веќе панталониве имаат детаљи можеш да облечеш поедноставна маичка, бела на пример или црна, или маици во појака боја ,плава,корална,праска,зелена.. ама исто да се едноставни. Балетанки можеш крем со едноставна но поголема машничка, светло кафеави, бели.. А инаку убави и интересни ама едноставни маички имаш во Калиопе за 500, имаат само џепче на нив и ракавите им се подвиткани, во корална боја, бела, црна, индиго и зелена, ќе ги видиш сигурно. А ако сакаш повпечатлив изглед, можеш маичката, панталоните и балетанките да ги искомбинираш со интересен накит, ланче со буф, ајфелова кула, помасивно прстенче. Убав накит имаш во Аксесорис, ама пошто се изгор цените ти препорачувам да си одиш на Битпазар и да се изнакупуваш за 250 денари, и ланче, алка, прстени,обетки, триста чуда.. За Глоси-Грл е инаку постов.