Феминки дајте ми идеја што да си сошијам за роденденот мој. Постирајте слики со добри комбинации, некој фустан убав можеби или пак кратки панталони со некоја добра маичка. Вие предложете. Ве молам помогнете ми. Фала однапред.
Побарај во темата „Идеална комбинација„ им а премногу сликички верувам дека ќе најдеш нешто што ќе ти се допадне
Девојки со шо да искомбинирам крем боја на сукња? Ваков сличен е моделот на сукњата, само чипките се подолу...
^ Мене најубава комбинација ми е крем и кафено. Кафен топ со крем сукња, кафена ташна и крем салонки - одлична комбинација. Од накит може големи обетки, или масивно ланче така да ти го пополни тој гол дел кај градите. Значи или обетки, или ланче.
Можеш и со бледо-розева и со бордо блузичка, каква боја е блузата такви нека бидат и штиклите, ташничка кремава како сукњата, од накит или долги обетки или само ланче.
Тогаш оди со црвено. Крем и црвено одговара исто така, со црно некако ќе ја спласнеш комбинацијата, пошто крем е нежна боја, а со црна ќе ја убиеш комбинацијата. Е сега за горе, можеш некој топ, само малку потемна крем боја да облечеш, само да не биде кафеаво, некако ту мач би било кафеаво, крем и црвено - според мене. Крем ташна, црвено ланче или обетки и ете ти. Ти си знаеш со што гардероба располагаш, ма да ја вака би ја дополнила комбинацијата.
Па вака можеш да си купиш некој убав фустан (нели сега на мода се Аамериканското и Британското знаме) црвени или сини балетанки или штикли.. ии можеш да земеш некоја елегантна чанта во бела боја..
Јас видов една девојка во град со слична ваква сукња, и плава блузичка,(плаво кралско плаво, онаа што се носи сега)
Женски сабота ќе излагам и ќе носам тесни искинати фармерки со низок струк, планирам со црни штикли да го носам ... Што предлагете за горниот дел !? Ако може со слики уште поубаво
колку се само добриии Можеш да ги искомбинираш со секаква кошула и штикли како кошулата ... Патем кошулата внатре )
^ JustBeYou, еве: Која сакаш боја стави, само да не биде пренатрупано. Нека биде поедноставно, а убаво. Спојлер Не ги гледај типкиве што носат долу, ја ќе се потрудам да ти дадам инспирација за горниот дел.
Здраво девојки може ли да ми помогнете како да искомбинирам кремови салонки и кремово сако ( неможам да прикачам слики, затоа што сеуште не ми се купени ). -планирам со фустан , или пак со памучно корсетче и здолниште или панталони кратки со висок струк. Дајте ми некои предлози околу бојата на фустанот или корсетот и панталоните и здолништето. Ако сте во можност, ставете и слики.
Направив две комбинации на Polyore, како би можела да ги искомбинираш кремовите салонки и сакото! Еве ти идеи: