Еве и за тебе една комбинација, како јас би искомбинирала искинати фармерки и црни штикли. Едноставно, ама убаво! Некоја асиметрична маичка со натписи и едноставен накит, ташничка на рамо, smokey шминка и толку! Еве ти приложено и со слика:
Оди,ама многу монотоно ќе дојде.Му треба малку свежина на фустанот.Се согласувам со Волфче дека можеш со друга чанта и таков накит,со црни салонки
Може со црни штикли ама гледај чантата друга боја да ти биде, убаво кажала wolf4e, вака многу е монотона и безживотна комбинацијата
Adi888 носи си го со црна чанта и црни чевли барем ти е сигурна комбинација. Сребрената трака и специфичниот ракав го прават фустанот побогат и мислам дека е доволно. Многупати трудејки се нешто поубаво да вметнеме за да не биде монотона комбинацијата можеме само да ја утнеме целата комбинација
И јас мислам како што кажаа и другите девојки дека би била супер со црни чевли и црна чанта,а некој сребрени долги обетки би те осветлиле и би била супер
Девојки викендов сум на роденден кај блиска другарка , планирам да носам кремова суќна , кремови салонки и тиркизен памучен корсет ваква боја одприлика Проблем ми е накитот околу кој сум неодлучна, би ве замолила да ми помогнете каква боја на накит да ставам ..
Одам во кино за неколку саати па се прашував дали црни фармерки одат со зелена блуза и зелен кардиган и сини старки патики .... О.о ако не, кажете што би било подобро благодарам
Девојки,уште една дилема ,околу хулахопките. Ви текнува на фустанот плисе,минт јака боичка ,е сега купив хулахопки-за на работа првенствено,од оние со дискретна мрежичка,нога боја,кои ми се перфект за сукња и сите ми ги бендисаа,инаку без раб се,за отворени чевли ги купив од Ползела. е сега се мсилам дали би ми одговарале со плисе фустанот,зошто не ги сакам многу светкавите хулахопки,или ипак да купам такви ама подискретни ,што мислите Значи напоменувам-мрежата е строго дискретна,само одблизу се познава дека се мрежасти.
Сакам да ги носам овие fajlovi/image/thumb/67356 со исто такво зелено сако, бела блуза ама незнам какви панталони. Нормално цевка, само не сум сигурна каква боја. Предлог? И дали црвено/портокалева одговара?
Па, според мене да. Мислам дека баш убаво ќе те отвори. Ама зависи и од накитот, дали е подискретен или повпечатлив, дали е алка, ланче.. Ама во секој случај фино би било.
Ангел92 - супер би било со портокалови панталони, со црвени мене не ми оди, црвено и зелено таа комбинација ме потсеќа на нова година. Можеш со обични фармерки, црни панталони, кафени, кремасти ...
Со златна боја знам дека добри стои, само проблемот е што салонките црни ми се како со циркони па ќе морам да ставам сребрена боја накит, мислев обетки само да ставам.
Ангел92, да имаш плави како ригите,или кафеави најубаво... портокалово НЕ црвено,може некако да помине,ама ни тоа не ми се вклопува баш нај нај
could not agree more! Многу ти се убави штиклите ептен, најдобро ми било да ги комбинираш со нешто вака ако имаш Тегет ти е совршена боја за комбинацијава, можеш и со жолто, но исто одоговара со циклама.
Сакото веќе ми е купено Иста боја како и чевлите а на ракавите е истата шара како на чевлите со риги Имам плаво мастилни панталони ама сознам, имам желба други да купам па можеби затоа пребарувам. На претходниве феминки им заблагодарувам а ако останатите имаат уште некое мислење, отворена сум за предлози.