Девојки ми се врти дома едно сукњиче шо го купив и никогаш не го облеков, па ај си реков да побарам помош од вас со што да го искомбинирам. Слично е на ова само бојата му е потемна, вака нешто Секое мислење е добредојдено
Си купив неон дреч жолта маичка, без ракави, асиметрична и малку е пократка со голо стомаче. Е сега се мислам со што да ја носам, со што боички? Планирав да ја носам со тексас шорцеви, и едни жолти ама не се иста нијанса, и овие се дреч ама потемни.. Ама со таа комбинација, незнам што обувки да носам и каков накит и аксесорис да не ми изгледа премногу празна комбинацијата.
^^ Ако е полежерна маичката, можеш да ја носиш со краток џинс, со кратки патоломи бели, исто така оти до дречлива портокалова (пробано), со фармерки долги ( не во боја ) . На нозе, можеш балетанки ако имаш бели, портокалови ... Или патичиња обични, па смени им врвки. Со патики оди, убаво стои, само да се побични некои. Накит - не ставај ланченца, доволна е блузичката, можеш некои алки во бои. Имам јас едни танки, 70 денара ги купив, 12 белегзии во бои. Ептен се танки, баш штосно би стоеле. Инаку, мислам дека со жолт шорц не би стоеле.
и јас мислам дека со жолти шорцеви нема да стои убаво, цела во жолто? не ! можеш да комбинираш со тегет панталоно, со бели, со зелени. А за накит и обувки усогласи ги да се иста боја и да одговараат нормално со жолто.
^Фала ви многу на предлозите, инаку бојата на шорцевите е сосема различна од бојата на блузата, блузата ако не ја загледаш и на светло дури на светло зелена мава, се прелева. А и планирав да играм со колор-блокинг, ова жолто и марама или ланче,алки во јака розева или јака розе-праска боја. Ама се мислам така па да не светам цела, ама во секој случај ќе ги испробам комбинациите па ќе видам.. Може ќе ја облечам со тексас шорцеви и со појак накит.
^ Ова со алките е добра идеа, можеш големи да ставиш во дреч боја. Инаку, имам една идеја само незнам дали носиш ти. Ластик за на коса, од тие, во бои што се.
jас би ја комбинирало со тегет...дали фармерки дали кратки или пак со висок струк..ау ФИЛМ ...на тоа моеш било што...моеш стартки,моеш римјанки(али времево ноу за тоа),моеш и штиклички...абе фина ќе бидеш
Ај ми го избришаа од Општи прашања па тука ќе го поставам прашањето. На времево може ли да се облечат чизмички,имам видено низ град сеуште шетаат некои со чизми,не од оние високине,туку од ниските.Мене ептен ќе ми одговараат на комбинацијата што сакам да ја носам,па нормално ли е да облечам чизмички на времево? п.с:ако прашањево не е соодветно и во оваа тема,де просветлете ме у која да го ставам?
Во овој период можи секакви обувки да се видат. На пример вчера една моја другарка носеше кратки чизми, другата чевли со отворен прст и боса. Како сакаш, ама најдобро салонки да си носиш.
Денеска дознавме дека со дечко ми сме на свадба на 16ти, и сега сум во брзање да сошиjам фустанче некое, сакам скромно ептен да е, најдов нешто па би сакале да ми помогнете при изборот само мастило боја ќе е... .
Уууу третото е сон. Ама не знам колку ќе успеат карнерите да ти ги погодат Второто ми е некако по кежуал, ако се одлучиш за него цело нека биде надоле без тој додатокот карнер. А и првото не е лошо , ама јас би за третото
Карнерите се прелесни за изработка. Се зима материлот и се сечат кругови големи. Потоа секој круг се сече како полжавче и потоа кругот се исправува и се шие вертикално. Којзнае како објаснив Битно многу е лесно тоа, треба секоја да го знае шнајдерка. Мене третиот фустан ми е убав, со тоа што дефинитивно тоа горе би го направила од истиот материјал, во никој случај светкав сатен. Дури и би додала една прерамка, ама јас сум тоа бидејки не ми стојат топ фустани, а секогаш фустан со прерамка ми е поубав Вториот фустан е преедноставен. А првиот лично ми е најубав, додуше целата комбинација со каивче и ланче е топ. Треба само плисиран материјал тука. А слични вакви фустани има на многу места, во Мана имаш плисирани фустани за 900 денари мислам. Мислам и во певекс имало. А слично на моделот со карнери имаше во Боди Лајн на излог само со 2 прерамки 3000 денари (напумпана стандардна цена за продавницава). А штом го има во Боди Лајн сигурно и низ други продавници го има во Елит/Еко, ТЦ Бисер бидејки иста облека имаат со Боди Лајн, турска. Се на се првиот и третиот модел се топ, ама пред да трчаш да шиеш, да купуваш материјали, шнајдерки, проби... зашто не тркнеш низ град да видиш зашто слични моделчиња имам видено, дури и за ефтини пари.
Мене па третото не ми се допаѓа. Првото или второто, првото е поинтересно, второто е пообично, но не мора да значи дка нема да е убаво. Се зависи од тоа како ќе ти ги сошие и како ќе ти стои. Последнот не ми се свија можеби дека делот кај градите е од сатен, па е веќе досадно. Шиј го првиот, и после имаш многу пригоди за да го носи, и нема да ти остане неносен
И мене ме "чекаат" 3 свадби овој месец. Имам обезбедено една целосна комбинација која планирам да ја носам на 2-те свадби, а за третта сакам да шијам нешто вакво. Значи во две бои розева и виолетова (имам такви сандали 2-3 пати носени, па сакам да ги искористам да не купувам сега нови, а и плик ташна чија основа е виолетова, а одозгора прскано розево). Сакам нешто вакво... ама да не е премногу едноставно, инаку не сме на многу блиски свадби, колеги на сопругот, па нејќам многу да се "китам" Спојлер е баш ваква е виолетовата на сандалите. само долу мислам виолетово, а горе розево. Што мислите? A да, и каков материјал да земам пошто не се разбирам многу.
anastasijaki - Јас сум за првиот.Прекрасен е а воедно и едноставен.Сошиј си го првиот не му ја мисли, потоа ќе можеш да си го носиш и на други пригоди да не ти стои само збутан у плакар.
rainlover, мене првиот фустан повеќе ми прилега како за на свадба, и на него би додала долго тенко ланченце со една мала србрена топка. и боите му се убави. инаку ова е сатен-материјалот