anastasijaki искрено мене првиот фустан ми е преубав. Ако го шиеш, направи само подлабоко деколте или ако ти одговара ова. Овој ќе го убиеш од носење, можеш со каиш како е на сликата и преку ден и за навечер ќе можеш да го носиш. Додека пак третото е посвечено. Второто е пообично ама со соодветен накит моше да изгледа многу убаво rainlover вториот фустан ми е поубав, но зошто не сошиеш некоја крем(nude) боја и да ставиш каивче лила или розево. И некое убаво ланче, гломазно ама нежно (незнам колку ме сваќаш за ланчево)
Па види вака првото ми е поубаво но и второто не е лошо.Но јас би го искомбинирала првото...... Мое милсење по е како за на свадба не оѕи второто не е убаво но првото епо има нешто што го дели.......
Девојки ве молам за помош! За полуматура си купив едновојно фустанче со некоја специфична розева боја. Еве како на сликата (розевата, не виолетовата) и сега си барам балетанки, ама незнам која боја би ми одговарале со фустанов. Иста нијанса и боја не најдов, па се одлучив за друга боја балетанки, кои ќе ги искомбинирам со исто ташниче. Но ве молам за помош! Која боја би одговарала?
Дефинитивно првото ќе го шијам Е сега, би одговарале ли вакви салонки или да си земам исти вакви само црни http://a8.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos- ... 3611_n.jpg
TheaEsposito - Црно и бело ќе одат не се мисли. Но ако сакаш нешто во боја. мислам дека би изгледало убаво со светло сино, светло зелено, кремово .. Кремово мислам најубаво би било.
Анастасијаки би ти одговарале чевлите, и многу убаво ќе биде ако комбинираш со кафено каифче, кафена плик чантичка и златно масивно ланче
Можеш со кафеави панталони со виолетова (блуза,маица) , или пак фармерки со кафеава (блуза,маица) со виолетов каиш како папуците . Еве мислам дека ти дадов некоја идеа со ова
Девојки пред некој ден прашав ама не ми одговоривте, а дека се наоѓам пред одлука и сеуште се' мислам, повторно ќе ве гњавам. За кој да се одлучам? Боите сакам да бидат како на првиот фустан, а мислам да го комбинирам со ептен високи чевли со отворен прст, а дебела штикла, во виолетова боја и плик ташна чија основа е со таква боја, а одозгора е прскана со розево.
rainlover - Првиот фустан ми е за на свадба повеќе, но твојата замисла не ми се допаѓа. Мислам дека ептен ќе бидеш во тие две бои. Јас сум за да ставиш или кремови или црни штикли, со црно палто, па можеш да ја употребиш чантата. А можеш и црно палто со црна чанта, па да ги ставиш штиклите.
rainlover-Првото повеќе одговара за на свадба. И да, глеј да не бидеш цела во овие две бои. Стави и нешто кремасто или црно.