Реинловер мене ми се допаѓа твојата замисла, првото фустанче е поубаво и убаво изгледа и со розе и со праска. Ми се допаѓа и замислата со штиклите, можеш да додадеш крем плик ташничка лакована и златен накит. Преубава комбинација би било тоа.
rainlover, веднаш кога го видов фустанчево си ја замислив комбинацијата. Според мене најдобро би било горниот дел на фустанчето да е праска боја. Можеш да комбинираш со кремасти штикли, кремаст накит и ташна исто така во праска боја. Ова е мое мислење
Ај една помош за мене ако може Мразам анимал принт, а и не сум ни некој фан на фустанчињата со една прерамка. Фустанов го добив на поклон, па некако ми е греота да седи неискористен, а и имам една свадба наскоро, па се мислев да го носам. Убаво стои на тело, тоа бар му дава поени кај мене. Дајте ми некоја идеја за накит и бои на чевли и ташни, само да не е беж (месо боја) на чевли, бидејќи ич не ми се сфиѓаат таквите, а розевата боја не доаѓа во предвид. Со црно би идело добро, тоа знам, но ако има некоја можност да се уфрлат и други бои, хит ми Спојлер тенкју
^ Јас мислам да ставиш накит боја црвена, ударно ќе биде, можеби темно сина, ама не сум многу за неа. Пробај со црвено види.
И јас сум за црвена боја. Штикли во црвена боја штом не сакаш црни и едно прстенче во црвена боја мислам дека би било доволно.И нема да имаш потреба многу да се трупаш со ланче и нз ти какви други работи.
бело и мн не е е препорачливо да се носи бидејќи викаат дека само невестата треба да блеска во таа боја! и јас ваков фустан сакав да си купам ама ми текна на тоа и си зедов друга боја!
Девојки ми треба совет. Купив за на свадба долг крем фустан, но не можев да најдам соодветна слика, па еве нешто приближно. Моделот е сличен на овој само без набори. Со која боја да искомбинирам? Се мислам помеѓу зелено - тиркиз сандали + таква боја на накит или црвени чевли + црвени обетки или прстен. Гледам крем фустаниве најчесто ги комбинираат со нешто неутрално, златно, крем , а јас сакам нешто во друга боја, да биде повпечатливо. Секој предлог е добродојден.
Savana, крем ти е најлесно за комбинирање, можеш со што сакаш да комбинираш. Не мораш да се ограничуваш само на трикиз и на црвено, можеш која боја скоро и да поскаш да ја искомибнираш лесно и без утка. Мене комбинација ми е со розево нежно и со праска боја, посебно со праска Не би ја комбинрала со бело никогаш, па ни со црно, досадни се. Размисли, какви кондури ќе најдеш таков накит земи или искомбинирај ако имаш веќе дома.
Блузата е дводелна (обична подолга рамбовка и како наметче во една нијанса потемна зелена боја со бели шари) не е тиркизна бојата ако така изгледа. Со каква боја панталони да ја носам? Бојата е зелена . Иста таква боја ,во мојот град ради ''големиот'' избор нема . Ја пробав со светло плави фармерки обелени и искинати малку некако чудно стои. Некоја идеа ? (бојата незнам како се вика зелена малку на плаво делува ,актуелна е сега насекаде ја има )
kate-the-great Јас колку што гледам се работи за тиркизно. Убавка боја и сипатична комбинација со рамбовката и одзогора маичката. Тиркиз стои со црни, јас имам една тиркизна и со црни фарерки ја носев, но одлично стои и со тегет-темно сини. Сега иде лето, бело или крем исто совршено ќе стои. И не мора само фармерки, пробај некое лепршаво бело/крем суќниче.
^ Со црни штикли . Но доколку би го немало тоа белото кукулче би изгледало добро и со друга боја на штикли пример црвени,кремави,тиркиз ...
Тексас елече? Освен со цветен фустан, зашто немам и не носам. Се мислев со цветна поголемка кошула, тексас шорцеви ама не ист тексас, подруга боја, или жолти шорцеви, црно-златни римјанки, темно розе-месо боја марама со бели точки или што знам некои интересни алки, а може и дрвен накит.. Што знам, од што имам многу комбинации во глава незнам со што попрво, а елечево е преубаво.