Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) .. Јас не би. Единствено заради ресите на ногавиците и светлиот џинс. Да беа темни, панталонести... Можеби да. Овие апла се летни некако... Ќе изгледаш како неуспешен колаж. Моја препорака ти е да ги исфрлиш од зимски потенцијални парчиња ...
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) јас сакам да носам едно црна сукничка, а ќе имам и црна блуза и циклама (розево) болеро.. сега не знам какви хулахопки да си земам? или пак мислите дека ќе треба да носам хеланки? тоа за Н.Г
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) Јас се согласувам со мислењето на Боа и Дафне Тексасот е пресветол и плус разресен, чувај ги во гардероберот за пролетно/летната сезона Сега можеш да искомбинираш мини сукња, баш се модерни и штосни за со високи чизми
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) Мислам дека за НГ порикладна комбинација се хулахопките А зашто баш розево болеро ???? Си можела да искомбинираш нешто понеутрално
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) Луѓе за Нова година ќе носам црно фустанче со долги ракави, деколте, не е мини, ама не е ни до колена, значи нешто измеѓу. Напред фустанчето е делумно со црно бели шари (наликува на тигресто). Ќе носам и алка црна со црно бел цвет и црно бела ташна. На нозете планирам да носам црно салонки. Е сега да прашам какви хулахопки да облечам, зошто фустанчето е од растеглив материјал и на дебели црни хулахопки ми лепи. И да прашам да не бидам многу шарена(поради ташната и алката)? Спојлер Ако треба ќе ставам и слика за да видите
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) БАш сакав да ти предложам да си земеш еднобојна ташничка, за таа пригода да не дојдеш премногу униформирана во се црно-бело???? Па зами си обични хулахопки во потемна нијанса, со некоја средна дебелина, но без шари (фустанчето ти е шарено). Мислам дека би изгледало супер
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) БиЈу купи си хулахопки таква боја ко болерото. Инаку девојки фала, ама пак ќе си подразмислам, т.е прво ќе пробам да видам како стои Боа носи црни хулахопки ама не дебели или месо боја. Инаку нема да бидеш многу шарена сепак на две бои се задржуваш.
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) епа тоа ми е новичко, и сакам да си го искористам, а башка блузичката е како корсетче.. а иначе не купувам друго, зашто знам дека подоцна нема да го носам а тоа иначе е долче и габана и буквите му се цели со црно, па одговара.. што мислите? едит- марама и јас тоа се мислев, ама ќе можам да најдам од тие поголемите таква боја? такви и не сум барала, па не сум запознаена
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) Ќе носам и црн капут до над колена. Кажете чантата дали да ја носам или да си земам црна и дали да ставам некое ланче. Јас некако не сум многу за ланче, ама ај кажете вие
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) Ланче не. Ама ова мене ми е преубаво. Нема врска што и чантата е шарена. Барем мене вака ми се допаѓа.
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) Како би ми предложиле да го искомбинирам новото црно фустанче за Нова година? Ќе носам нешто црно на нозете, сеуште не знам што. Сакав да ве прашам, што мислите, која боја на хулахопки/хеланки би одговарала? Јас се мислев сиви или црни, но не сум одлучила сеуште. Инаку фустанчето е отворено напред, со три-четвртни ракави и должина до над колена. Се извинувам што нема слика, ме зафркава нешто компјутерот. Каков накит би прилегал? Благодарам однапред.
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) Секако секој си има свои мислења, затоа јас пак би кажала......вака не е лошо, но мислам дека со црн плик или помала црна ташничка изгледа поелегантно Се разбира тоа зависи и од местото каде што ќе славиш Боа, твое е да си одлучиш Едит- фустанчево ти стои преубавооооо
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) Мене баш ми се допаѓа идеата и замислата, само е ризично како ќе се искомбинира, треба ептен да се внимава. Јас баш сакам такво кобинирање на "забранети работи" Еве ти примери, вторава комбинација ми е
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) Moe мислење е дека во оваа комбинација можеш да си земеш хулахопки со некоја дискретна шаричка, дали сиви дали црни, зависи од тоа што на тебе ти се допаѓа (хеланки-НИКАКО). И некоја дооообра алка на раката
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) Фустанот е црн така да можеш да комбинираш со што сакаш. Јас би облекла хулахоки со некои впечатливи шари и накит боја спрема хулахпките.
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) Јас ќе носам црвено фустанче ( не е многу елегантно, свечено) со црни високи чизми и со црн накит. Е сега се мислам какви хулахопки да облечам. Прозирни, црни или пак со некоја шара, што мислите? Дали ќе биде добра комбинацијава?
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) Фала ви девојки, ќе прошетам денес-утре да побарам некои хулахопки, и алка секако. Фала ви на советите уште еднаш. Јас мислам дека е поубаво со проѕирни, но и со црни би стоело убаво. И со двата вида комбинацијава ми е супер.
Како да искомбинирам....??? (помош од Феминки) И јас мислам дека со прозирни поубаво би изгледало Чизмите се овие
Јас би искомбинирала со црни бисери и со ракавици црни сатенски до зглобот а хулахопки би носела месо боја бидејќи така ќе ми дојдат чевлите до израз...сега не знам какоб е твојот стил, можеби ова би ти се допаднало позче
Јас мислам да облечеш проѕирни хулахопки. Од оние кои го прават тенот потемен (не ми текнува баш како се викаа точно, мајка ми се разбира во вакви работи, па кога ќе дојде од работа можам да ја прашам) . Бидејќи фустанчето ти е црно, горе е отворено мислам дека би делувало пренападно ако облечеш црни хулахопки. Едит, касторо боја можеш или димно сиви.