Се мислам што да носам за роденден на другарка. Штикли најверојатно нема да носам, фустан или сукња исто не, најверојатно ќе носам обувки на полна пета, и платформата ваљда ќе биде платнена. Е сега незнам што да носам, да изгледам онака убаво, ама не преобично, зашто роденденов ќе се слави во кафич. Имам едни јако зелени фармерки, тиркиз со висок струк, тексас, имам и едни винтаж тексас шорцеви со висок струк, многу се интересни, кошулче со три четврти ракави, така со розеви нијанси, виолетови, може ќе ја сликнам деновиве, имам жолти шорцеви, тексас лаковани.. Ако можете предложете ми некоја комбинација поопуштена, а сепак прикладна, може и со слики.
^ Мој предлог ти е да ги носиш тие зелените фармерчиња,можеш и да ги подвиткаш на нозете носи нешо црни балетанчиња или обувки на пуна пета. Нагоре можеш нешо со бела обична маичка и црно сако. -Девојки,нареднава недела сум на забава. Ќе носам крем корсет, мастило сина суќна и крем салонки, дајте ми идеја каков накит би можела да ставам?
Јас би одела со тие тиркизните со висок струк, мастилно син топ, сандали на полна пета црни или бели и некоја штосна марама и коса врзана во репче.. Или па големо ланче и пуштена коса ^ накит или во мастило сина боја, или па во црвена и одбери алки и некое поголемо ланче
Champs.Elysees, ти благодарам многу на предлозите, инаку сега го приметив и твоето прашање. Со твојава комбинација, најмногу би ми одел златен накит (не злато де, бижутерија) ,на пример некое помасивно позлатено ланче, или така подолго златно ланче како синџирчиња три споени и висат така. Незнам баш дали ме свати. И подискретни коцкасти златни обетки. Или па ружичка прстен, пола кремов, пола златен. Еве и сликички. P.S Пак јас. Одамна се думам да прашам, ама никако да прашам. Дома имам повеќе винтаж парчиња, од бато замислете, од баба и од тета. Парчињата се така посветло тексас елече, тексас шорцеви со висок струк, ама не се цели исти, туку имаат друг вид на тексас и се како тегет-бели пруги (како на американското знаме) а другото е обичен тексас. Кошулка по кратки, мене ми е голема па е три-четврти, како цветна изгледа ама не е, има некои си розеви, виолетови линии на неа. Планирам да ја носам комбинацијава, ама не знам какви обувки да носам, додатоци, каивче, ташничка.. Се мислев црно-златни римјанки ама мислев да ставам кафеав каиш и кафеава ташничка а овие две бои не ми одат заедно, имам и бели сандали и бели балетанки ама па со ништо не се сложуваат од комбинацијава. Ако не, да ги облечам црните римјанки, да купам некое светло розе гломазен прстен, и на главата да си заврзам црна марама со некои детали, и мачкест изглед на очите. Ах, сакав и ленонки да носам, ама да не бидат премногу со марамата,без неа и со опуштено плетенче. Ваши предлози?
Си купив сандалчина циклама со зелено и немам бас некоја гардероба на таа боја.Со која друга боја би можела да ги искомбинирам освен бела црна и крем???
Здраво мила. Носам се пишува споено, запирките прават чудо во реченица, а овде се пишува на кирилица. ВО диско можеш да носиш таков фустан без прерамки, а дали е убав или убаво ќе ти стои тешко дека некој ќе ти каже, зашто не го опиша, ни слика стави, ни побара конретен совет за комбинацијата.
Ангела ти да не си другарка со Мила- Тиноска случајно? Што сакаш можеш да носиш ВО диско. Темата е за совети за комбинирање, а ти не кажа отприлика што сакаш.
Јас имам пробано шорцеви со многу слична боја со виолетовата што си ја постирала и корална маица и не, според мене ужасно стоеја овие две бои заедно. И не онака да не одговара малце, па ај ќе речеш нема врска, туку баш од метар се забележуваше дека не идат. Сепак ти направи си комбинација, пробај, види тебе може ќе ти се свиѓа на око, ама мене дефинитивно не. Инаку одговара тиркизна кошулка, со дреч зелени фармерки и кафеаво ланче, обетки, балетанки и ташна? И тиркиз лакче. Не сакав да трупам многу дреч бои, да не биде све ми боје лепо стоје, го планирав кафеавиот накит/обувки/ташна за да неутрализира малце.
Со што да го искомбинирам ова? http://www.ebay.co.uk/itm/Zara-Ladies-S ... 231e54d3b9 Кажете ми побрзо,за вечер ми е Сакав прво со црни тесни панталони ама сепак да не е премногу топло..дадете и вие некој предлог
Како да искомбинирам црна тесна кратка сукња, со црни штикли? Каква блуза да облечам, каква боја? Ај ако може помош, ми треба за утре
според мене можеш и со црна блуза(само да не биде тесна) а плус и црни штикли и можеш да ставиш кремасти обетки
Ми треба мал совет. Си ја направив во глава комбинацијата за вечерва (на двоен роденден сум, натинг спешл - сепак сакам да изгледам убаво), ама имам мали дилеми околу тоа кое сако да го облечам. Ќе носам маичка во корална боја, не таква како онаа доле во спојлерот, ама потполно иста нијанса. Спојлер Надоле обични цевка фармерки, а штиклите и ташната ќе ми бидат во една песочна нијанса. Е сега, се мислам дали да облечам црно сако и да ставам додатоци како црн часовник и светкави обетки (и на маичката и на часовникот имам дискретни светкички), или пак кремово сако, прстен и обетки (пак се во некоја си сивкасто-црна боја)? Јас искрено сум повеќе за првата варијанта, бидејќи со кремовото сако некако многу пастелни бои би имала на себе, а така црното сако би делело малце и би било поинтересно, ама ич не сум сигурна дали би личело така и сепак ме интересира вашето мислење. Тенкју, претенкју.
Јас мислам топло е за сако да облакаш Но штом сакаш мислам дека ако носиш фармерки јас би одбрала кремасто сако. Црна, крем, корална, фармерки плус сив накит, светки.. многу бои ми седат. Значи кремастото сако и обетки (накит и слично) можеш во корална како маичката или пак крем боја. Јас така би искомбинирала.