И јас се сложуваам со Емма89 не ти треба палто во ова време.Но ако инсистираш на палто и јас сум за кремастото палто.Тие две бои баш си одговараат.
Тенко е, летно сако + на кратки ракави Маичката е многу „гола“ - гол грб, голи раце, а тоа не е својствено за мене - билив ит.
^^ Можеш со еднобојна,на пр.црна,Можеш со морнарска блуза (мислам дека убаво би стоела),и со кошула би стоела фанастично Спојлер Колку ја купи?
пробав со кошулка ама кога ке ја ставам внатре во сукњата нели, многу ми се познава набрано треба со некои тесни маички од певекс ја земав 200 ден
^^нее, ако е тесна сукњата, никако тесна маичка...а ако сукњата е широка тогаш може тесна маичка Спојлер ова според мене, барем јас вака си практикувам
Јас мислам дека би одговарало само,а зошто место кафеафи не пробаш со бел накит,обувки и ташна,сепак тоа е мое мислење,а тебе ако повеќе ти се бендисува така,можеш и со кафеавите
^ Мене фустанот ми е доста сериозен . Инаку можеш да го искомбинираш со црни салонки, ланче нема портеба, може некоја сребрена нараквица, прстен со камче, обетки едноставни долги, косата во пунџа, замазнете/разбушавена на страна, се до вкус.
Можеш со цри штикли или пак со теѓет како што е фустанот,а од накит,мислам бидејќи на самиот фустан има обработено како брош нешто нема потреба од ланче,па можеш да ставиш некои обетки кои ќе се со средна должина некои во боја на фустанот или црни,во зависност какви чевли ќе носиш, а можеш и некој прстен или бразлетна во иста боја со обетките.За косата можеш да ја извиткаш целата и да ја фатиш од едната страна а од другата да ти е целата во локни испуштена,зависи колку ти е долга.
Како да искомбинирам бел фустан со црни линии ( слично како првиот на сликава http://www.blueisinfashionthisyear.com/ ... riped.html , уствари моделот е различен а бело-црната шарка е иста) Kаква чанта, накит, обувки, everything?! п.с не ми е нешто на кеф, подарок ми е, па ај да не остани не облечен ниту еднаш
^Пробај со црвена комбинација, но мислам дека можеш буквално со сите светли летни бои да искомбинираш (доколку си љубител, се разбира). Пример: жолта, зелена, розева, корална, лилава, виолетова... Јас го замислив со црвени обувки, црн или бел плик чанта и црвен накит. Во зависност од тоа што поседуваш од летните бои. Слободно можеш да направиш разиграни комбинации-летото за тоа служи!
^ Јас би го облекла со тиркизни, розеви, црвени балетанчиња. Накит, иста боја како и балетанките или римјанки може. Би ставила некоја боја која ќе ја разбие црно-белата монотонија, нешто дреч, што би вметнало свежина во комбинацијата.
а имам купено едни од А&V Jordan, јадранки/сандалки, сини со бело и црвено морнарски, не знам дали ги имате видено... тие би одговарале? ги нема на странава нивна инаку ќе ви ги покажев
Jас би одела вака: Aко не ти е струкиран фустанот стави му тенко каивче, се сложувам црвено би било слатко. Исто можеш и во вечерна варијанта со едно сакоенце, ако сакото е црно каиш во боја, а ако сакото е во боја (било која) тогаш црно каивче. На нозете за секојдневен изглед иди со балетанки,а за навечер може на платформа, па и на штикла. Косата убаво би изгледала во високо репченце и мали менѓувчиња.