зошто да не е прикладно за свадба? зарем треба да се тантели,да изгледа како стара баба младо девојче ради свеченоста што иде на свадба??прекрасно е инаку,супер комбинација,само фризурата малку смени ја.
Имам праска боја пантолони со низок струк, цефка, и имам сина рамбовка со чипка назад и тиркиз рамбовка обична. Со која оди повеќе?
Tаква рамбовка со чипка од назад има цело Cкопје, пре би ти препорачала тиркиз (не дека и оваа не се носи), ама мене повеќе ми се свиѓа таква комбинација.
Вакви сандали, само малку пониски, темно сиви, какви што се носат сега, знаете, на какво фустанче, за вечерно излегување да ги носам?
На пример, според мој вкус, сакам тесни кратки.. може предлог за боја, дали корсет или по еден ракав или по кратки ракави, не е битен плакарот, ќе и речам на тетка ми да ми сошие
Илипили ,веднаш штом го погледнав фустанов си реков, ауу кај нема шанси овој за на свадба.. ама кога подобро размислив, со соодветен (малку посвечен) накит и некои добри повисочки салонки, сега незнам каква боја сакаш ти, јас би ти препорачала тегет/црна/кремава, ама тоа зависи и од накитот што ќе го носиш. Мејкапгрл ,јас мислам дека добро би стоеле со некој фустан што ни е преобичен, ни пресвечен, онака златна средина. Инаку би можела корсет или со еден ракав, тие две варијанти ми се допаѓаат, бои крем можеби, или ако си за колор блок јака розева, праска, корална, а ако сакаш да бидеш 'позатворена' со боите би можела црна, ама сепак не ти ја препорачувам оваа комбинација. А инаку, овие сандалки мислам дека подобро би стоеле со некое фустанче неколку сантиметри над колената, некој поширок и лепршав, цветна основа ама би можело и со краток и тесен, како и да љубиш ти. Јас пак да се цитирам.. се извинувам што постојано ве заморувам ама итно ми е, за утре ми е и сакам да изгледам убаво нормално.
јас не би менувала ништо, само блузата не мораш да ја ставиш во фармерките..мислам така поубаво би било
Ајде ми треба помош на свадба сум кај блиски роднини и знаете одење по невестата и тие адети,за вечерта ке носам посвечено фустаче ама за дента ми треба некој предлог мислење што би носела.Размислував за некои кратки пантолончина со некое кошулче нешто така поедноставно интересно,ако можи некоја комбинација ваш предлог...
Ехх феминки незнам што ми стана..... Треба да се видиме со една личност која што досега не сме излгегле заедно,а се знаеме и незнам што да облечам,а башка тоа ке биде кога ке бидам на одмор.... Срекна сум,ке полудам од срека што ке се видиме,ама незнам што да облечам.Дали фармерки и некоја маичка или пак летен,цветен фустан,или сукна со маичка!?? Дај дајте некој предлог,зашто ништо незнам во моментов.
^Оо,срце ,ако е тоа што мислам дека е тогаш со среќа и само опуштено. Инаку, според мене зашто да се затвораш во фармерки на ова топло временце, покажи си ги нозете со некој шорц или фустанче, ете можеш обичен тексас шорц со висок струк, некоја корална маичка, помасивни обетки и прстенче и римјанчиња/салонки. Можеш некое летно цветно фустанче, ружички обетки со боја зависно од фустанот (ако имаш, ако не некои нежни во една од боите на фустанот) ,сандалчиња или пак салонки каква е пригодата, плико/ташничка за преку рамо.. А ако веќе сакаш фармерки, одбери некоја повесела боичка за лето, дреч зелени/розеви, тиркиз можеби а горе гледај да си поедноставна, некоја маичка во една боја, бела/црна/крем, и можеш позлатено помасивно ланче и дискретни обетки. Долу можеш салонки/сандали зависно од бојата на маицата или фармерките, а да биде поинтересно пликото или ташничката во различна боја од чевлите што ќе ги носиш. Со среќа.
Џенски,касно палам јас ,ама сепак ви благодарам на сите за искрените одговори.Сепак си го ставив фустанчето,со поубав накит,како што ме посоветува Блу и убави црни салонки, па не излезе лошо. Јас мислам дека би одговарале на како што сакаш ти тесно и кратко, е сега за моделот или корсет или пак со еден ракав,а за бојата може да е некое шаренко фустанче,повеќе ќе те отвори. Јас на твое место би ставила некое лелелаво шарено фустанче или шарена сукња со некое блузиче ,а може и кратки пантолончиња со некоја маичка корална. Со среќа
Јас сум за летен цветен фустан или пак фустан во еднобојна летна боја.Што и да си ставиш супер ке бидеш , не му се секирај толку.