Девојки, денес навистина немам инспирација ... Можете ли да ми помогнете што би можела да искомбинирам со овие сандали кои се во три бои циклама,тиркизно и неон жолто.(Сигурно ги знаете тие пластичните од џамбо) -Некоја лесна и едноставна летна комбинација, за вечерва ми треба ..
со тиркизните можиш да ставиш нешто црвено маиче со црно сукње или пак бело маиче со црно сукње и убабо ке биди ако имаш некој додаток на тиркизно, обетки нешто ланче, а за цикламата нешто црно со розево друго тешко, а за жолтото пак можеш сино или зелено нешто
^ Имам исти, навистина се слатки. Можеш да ги комбинираш со фармерки, кратки џинс или бели кратки. Маички циклама, тиркизна и неон жолта се добредојдени, но убаво стои со портоколово. Со некое фустанче ама баш летно, не некое свечено. Можеш со бела едноставна маичка и ланче или белегзии во боите на сандалките.
Moже со бел шорц, розева маичка и некое долго ланче. Долга ташничка а можеш и некоја шапка да ставиш, ако имаш федора или нешто слично. Тоа ти е кежуал комбинација, можеш и некое беж кардиганче, раскопчано со засукани ракавчиња, ама тоа ако имаш живци на времево да тераш мода
Девојки утре сум на роденден на еден другар, така не се дружиме многу но ете ме покани на роденденот..И сега дали да носам штикли или сандали со полна пета, балетанки, римјанки? Стварно незнам што а мислам дека ќе бидам на морнарско фустанче....
Зависи какви бои на обувки имаш.Јас на пример би ти препорачала сини сандали на полна пета или балетанки...
Ви благодарам многу и јас така мислев дека ќе биде убаво..а инаку имам сини сандали на полна пета..онака слична боја со фустанчето..
^^ Јас не би ги носела на кошула. Ту мач ми е. Најубаво би било на фустан со едноставен крој и класичен отвор. Или пак на маичка со кратки ракави, исто со класичен отвор горе, и сукња. За да дојде до израз ланчето , не го носи врз многу шарен материјал.
Да можеш со кошулка, ама немој со кратки панталончиња, што знам некако не ми идат за на свадба пробај со некоја сукња и кошулка и со некои штикли, сандали, што сакаш мислам убаво ќе изгледа еве може ќе најдеш инспирација од сликиве
Eве нешто и од мене .Еве на пример една од овие сукни може и со обична маичка и на маичката да и додаеш еден гердан и совршена ќе биде.
Еднаш веќе имам прашано на темава,ај ќе си прашам пак . Црвен кармин и патики одговара ли? Комбинцијава не ми е нешто спортска,сакам да носам едни едноделни панталончиња и патики,оти не ми се испаѓа на чевлички...и сеа можам ли и црвен кармин да си ставам?
Циа да не се караме, не оди. Патики се за во спортска комбинација, а спортска комбинација и шминка, поготиво јака како црвен кармин не оди. Има исклучоци, ама за тоа треба ептен умешност, на пример како една познаничка која често си носи стартки и јак кармин, јас лично незнам дали би имала храброст за такво нешто ама она ептен добро ги комбинира со остатокот од гардеробата па ептен слатко делува. Можеш на пример да искомбинираш со римјанки или балетанчиња, па уз ептен малку римел и руж да акцентираш со карминот.
Значи црно бела сукњичка во линии имам веќе подолго време ама освен нели, со црна или бела блуза со која друга боја да комбинирам?