Па пробај со некоја маичка која ја имаш дома (розева, сина, зелена)и види која боја ке одговара со сукната носи си ја.
Еве го мојот “љубовен‘‘ фустан.. Како да го искомбинирам?Се двоумам дали да го носам со сандали на штилка или римјанки..?! Рачунајте треба да останам цела вечер на нозе. Спојлер За пивофест ми е купено И од аксесорис што да носам? Иначе и сандалите и римјанките ми се црни. Купив и црвен колан,но се двоумам дали да го искомбинирам со фустанчево
http://www.jacob.ca/media/catalog/produ ... 2_01_1.jpg Имам вакви ама се кремови и до колена ми се . Со што да ги искомбинирам пантолониве ? Освен со бела и кремова блузичка што би одговарало? Некоја друга боја за да искомбинирам?
aко се ваков материјал, според мене можеш со некоја кошулка кремаста или црвена, тегет, кафена само гледај материјалите да ги погодиш, никако немој на ваков материјал обична рамбовка
Можеш и со розевкаста, праска боја, баш сега се носат такви комбинации. И да, се сложувам, не се спортски пантолни, пази со што ќе ги комбинираш и со какви чевли и накит.
дефинитивно нема да згрешиш речиси со било која боја, прекрасни се пантолончињава! треба да се запази на материјал и се сложувам може да се напраи некоја поформална комбинација со накит и балетанки или плутени :up:
Девојки јас сакам да ве прашам дали би носеле ваква комбинација,значи се исто.Само болерото да биде црно? и ако би носеле,на нозе што би облекле штикли или балетанки?
Комбинацијава ми се допаѓа, но јас лично не би ја носела бидејќи не е мој стил, ако тебе ти се допаѓа не гледам причина зошто не би ја носела, немаме сите ист стил и вкус и затоа не ми се допаѓа твоето прашање, дали би ја носеле некои ќе кажат да, некои не и ти што ќе правиш? Мој најдобронамерен совет, немој да се замараш дали на некого му се допаѓа или не и дали некој би ја носел или не, ако тебе ти прави мерак да си ја купиш и да си ја изнаносиш, мене ми се допаѓа да го видам ова на некој друг. Можеш да ја носиш и со штикли и со балетанки, црни, бели, црвени, тегет, зелени какви што ќе ти паднат на памет но да бидат еднобојни, или пак ако одбереш црни или бели балетанки или штикли тогаш земи чантичка во друга боја за да не бидеш целата во црно-бела комбинација исто и со накитот можеш да експериментираш. Па да те видиме во модни критики
Фала на коментарот мимс Иначе веќе една година ми стои така дома воопшто ја немам облечено.Иначе мене детално ми беше прашањево дали одговарат ова блузиче( што и да е) со ваков тип на сукњичка Сакав да е носам,ама што знам.Некако ова блузичево ми излгедат како за на плажа да е,па така си стои дома Ама еве сега,наредно излегување ќе ја облечам. Фала уште еднаш мимс,за одвеното време што ме прокоменитра
Ја видов блузава пред час- два, и се опседнав со неа Планирам овие дена да поминам да ја земам. Е сега муабетот ми е следниов, в среда сум на концерт, и ако дотогаш ја купам, планирам да ја носам тогаш, ама не знам во комбинација со што. Фармерки или сукња, патики или балетанки, акцесоари, секој предлог е добредојден.
Најдов од мајка ми сако, многу е убаво, жолто е ама светла пастелна жолта.Е сега има потпунки.Да ги вадам или не? И како да го комбинирам? Вака изгледа одприлика.
Мое мислење- ако имаш широки рамена вади ги, ако немаш остави ги потпунките За лежерна/кежуал варијанта, можеш да го искомбинираш со стандард тексас фармерки, балетанки и блузе со некој натпис. Ташна на едно рамо во боја како балетанките и некои обетчиња. Можеш и со некоја разиграна сукња- било каков дезен, еднобојна рамбовка, сандалки на плута, шешир федора, и ако ракавите на сакото се 3/4 тогаш можеш на рака да ставиш и дрвена алка. А, можеш и обратно- цветен памучен корсет, со еднобојна сукња. За вечерно излегување, LBD, црни салонки, црна плик ташна, и едноставни црни обетки. Можеш и слично на ова
Дечки имам црни хеланки со циркони во вид на цвет... сакам да ги носам утре на забава ама немам на нозе со што да ги носам, уствари имам бели сандали ама незнам дали одговара а да нагоре ќе носам бела маичка
Долги Фармерки!... никако 3/4 !!! Можеш со балетанки или римјанки ама запази на моделот. Накит не заборавај за да го зачиниш сето тоа да не изгледа обично.
Минт панталони ,крем маичка ,крем римјанки ,минт прстен и обетки ,крем чантичка не е некако безживотна комбинацијава ?да измешам други бои ? алки во која боја ? накитот