Го добив на поклон од кумовите корсетов. Со што би можела да го носам,немам некои фармерки со ваков тексас. Дали може со бела сукничка,бели панталони или ... ??
^ Преголема е сликата, акцентот е ставен на зебрастиот материјал. Не го гледам корсетот, намали ја сликата, па стави ја. ЕДИТ: Сега гледам, единствено што ми паѓа е кремасти/кафени пантолони, како што рече и ти, бели можеш.... Можеш и со сукњичка, да, ама со пантолони со висок струк, а не да се гледа мешето би било поубаво според мене. Мислам дека со класични фармерки да не го носиш, како викаат тексас со тексас не одело. Ако не го практикуваш тоа, носи и со фармерски. Ако најдам слики на нет, ќе ставам како инспирација.
Со фармерки никако! Уште поготово фармерки во иста боја како корсетов, таква комбинација воопшто не би ми се допаднала.Можам да замислам, корсетов и фармерки со низок струк, и голо стомаче на мегдан Инаку корсетов е стварно преубав, мислам дека со сукња најубаво би стоело. Еве некои примери. Вака би било најтипски!
Вака нешто Талита ако ти се допаѓа http://t3.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... fDO-7rhNHQ http://t3.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9 ... IkStBM4OGg http://i1142.photobucket.com/albums/n60 ... 060175.jpg http://images1.chictopia.com/photos/Anc ... hr_med.jpg
Девојки дали одговара оваква сукња со блуза на едно рамо (сличен е моделот,скоро ист) и патики високи?
сукњата не е таа,само ја ставив сликата дека е обична,црна,залепена...а мене па у главава многу ми одговара таа комбинација...
Едно парче можеш да го комбинираш да го носиш и по спортски ( по лежерно) и по елегантно, ако ти е сукњичката обична памучна и ти стои залепено на тело, носи ја со таква маичка и високи патики зошто да не Мене баш ми иде како комбинација (опуштена и кежуал).
Ех женски,вчера не се облеков така дека ме предомисливте,иначе незнам како да ви кажам што материјал,еден растеглив,ама ни е светкав ни ништо и сукњата е скроз обична црна,уз тело,баба ми ја шиеше така да најобична црна сукња,ја ставив таа слика дека е таква,со висок струк....и сега да си ја облечам комбинацијава некој др ден?
Не не не. Оваа сукња е некако преелегантна за со патики.. Подобро носи ја со некоја кошулка. а маицата и стартките со фармерски панталончиња носи си ги.